MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

НА 13 СЕПТЕМВРИ ПОЧНУВА 44-ТО ИЗДАНИЕ НА МОТ

Mеѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ), годинава ќе биде  домаќин на повеќе интересни театарски претстави од 8 држави кои во периодот од 13. до 21. септември на различни сцени ќе се претстават пред скопската публика.


- Чест ми е што имам можност да присуствувам на најава на вакви институционални манифестации, затоа што МОТ е институција по која се препознава нашиот град, и да го најавам традиционалното 44-то издание на  Млад отворен театар. Ќе имаме ретка можност и чест на 13-ти септември МОТ да отвори со перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина“, со кој годинава нашата држава на престижното Прашко квадриенале ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација -изјави Шилегов на прес-конференцијата во МКЦ.

Тој додаде дека на затварањето на Фестивалот ќе се претстават гостите од Атина со претставата насловена како „Чист град“ која ги разработува стереотипите преку погледи и лични искуства на вистински експерти коишто се однесуваат до чистотата: жените имигрантки, чистачки на Атина.

- Град Скопје препознава во МОТ една фундаментална институција и поради тоа ја зголеми поддршката на 3 милиони денари годинава од програмата за поддршка на проекти од областа на културата, и се надевам дека следната година нашиот пример ќе го следат од Министерството за култура бидејќи МОТ е МОТ- рече Шилегов.

Шилегов ги повика сите скопјани што помасовно да ги посетат претставите и да  ги примат пораките коишто само алтернативната уметност може да ја прати кон општеството и дека ќе уживаат во квалитетни театарски содржини што ги нуди Фестивалот.

На пресот за новинарите присуствуваа и Русе Арсовски, директорот на МКЦ и  Филип Јовановски, еден од авторите на проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ што ја доби главната награда „Златна Трига“ на престижното Прашко квадриенале.

Назад   

Креиран од admints на 11.09.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13199017