|
Советот на Град Скопје денеска /17.02.2010 година/ расправаше за последните две точки од дневниот ред на редовната петнаесетта седница на Советот на Град Скопје, кои не беа усвоени на седницата оддржана на 04.02.2010 година поради немање на кворум.
По исцрпувањето на точките од дневниот ред од петнаесеттата седница, Советот на Град Скопје започна со работа со шеснаесеттата седница.
На шеснаесеттата Седницата на советот на Град Скопје беа донесени Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2009 година за периодот од 01.01. до 31.12.2009 година, Завршна сметка на Буџетот на Град Скопје за 2009 година, како и годишниот извештај на Град Скопје за 2009 година.
На седницата усвоени беа и Програмата за работа на Советот на Град Скопје за 2010 година, одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје, како и Програмата за изработување урбанистички планови на Град Скопје во 2010 година.
Дополнително, Градот Скопје ќе набави четири специјализирани возила - машини за потребите на новоформираното јавно претпријатие „Дрисла” во вредност од 20 милиони денари, а советот ја одобри и Програмата за инвестиции во тековната 2010 година во ЈП Депонија “Дрисла“-Сkопје .
Советот на Град Скопје, поради недостиг на кворум, ја прекина шеснаесеттата седница на осумнаесеттата точка на дневниот ред и ќе ја продолжи работата на петнаесеттата седница во дополнително утврден термин. |