|
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на денешниот ден фрлија 40 тони сол на градските сообраќајници. Приоритетни во расчистувањето беа „црните“ точки - подвозниците, мостовите, високите зони кон Водно и Скопска Црна Гора, како и приодите кон јавните и здравствените институции. Екипите на зимската служба продолжуваат со активностите за расчистување на градските сообраќајници
Во текот на ноќта Кризниот штаб ќе ја следи состојбата на теренот и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат кон законската обврска да ги расчистат приодите кон нивните објекти. Градот Скопје апелира и до граѓаните да не ги оставаат возилата на градските коловози за да се овозможи непречено расчистување на снегот од градските улици. |