MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЕСЕНСКАТА АКЦИЈА ЗА САДЕЊЕ 114 ДРВЈА ВО ПАРК МАКЕДОНИЈА

Градоначaлникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со претставници од дипломатскиот кор во Република Македонија, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на РМ, Елена Кузмановска и Кристина Николовска од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засади ја својата иднина!“,  денеска /02.12.2016 година, петок/, во рамките на есенската акција за садење дрвја на територијата на градот, во  вториот дел на Парк  Македонија засадија 114 листопадни  садници.

-       Сакам да им се заблагодарам на сите присутни коишто дојдовте  денеска во вториот дел на Парк Македонија, кој е со површина од 27 000 квадратни метри,  и заедно да засадиме 114 висококвалитетни листопадни садници. Ние во континуитет ќе садиме нови дрвја во овој парк се додека не ги засадиме сите планирани садници. Градот Скопје и годинава се вклучи во традиционалната акција Ден на дрвото  во којашто на територијата на градот Скопје ќе бидат засадени околу милион садници. Екипи на Градот Скопје во урбаниот дел на градот ќе засадат 256. 000 садници, односно по булеварите, на кејот на реката Вардар, во блоковското зеленило, во дворовите на јавните установи и во дворовите на средните училишта на Град Скопје. Ова традиционална акција решивме оваа година да  ја продолжиме и да ја направиме  месец на дрвото- истакна градоначалникот Трајановски.

Кристина Николовска од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засади ја својата иднина!“ рече дека со реализирањето на веќе традиционалната и масована граѓанска акција за садење,  што се организира на целата територија на Р.Македонија,   ќе се подобри еко иднината за сите нејзини граѓани.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на РМ, Елена Кузмановска, посочи дека е задоволна што и претставници на дипломатскиот кор ја поддржуваат и учествуваат во оваа акција затоа што на тој начин придонесуваат за подобрување на животните услови во нашиот град кој и тие ги делат со нас додека претстојуваат во нашата земја.

Во есенската акцијата  Во вториот дел на Парк Македонија  ќе бидат засадени  вкупно 114 садници, од кои 32 садници се јавори, 10 садници  брест со жална форма, 6 јасени со топчеста крошна, 3 платани, 11 садници сорбус, 50 садници  лириодендрон, еден даб и  една црвена слива.

Градот Скопје организира континуирани акции за засадување нови дрвја на јавните површини, подигаме нови зелени површини и уредуваме нови катчиња за одмор и рекреација во природа, со што  придонесуваме за почиста животна средина и за зачувување на здравјето на граѓаните.

 

Назад   

Креиран од UserAA на 02.12.2016
ИНСТИТУЦИИ

 

        

 


 

НАЈАВИ
16.05.2017 ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2017 ГОДИНА
31.03.2017 ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9102852