MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЗИМСКА СЛУЖБА

По најавите за обилни врнежи од снеж и ниски температури  во наредниве денови, денеска /03.01.2017 година, вторник/ се одржа координативен состанок  на зимската служба на Градот Скопје со претстставници на администрацијата и на јавните претпријатија на Градот, како и со претстставници од општините на градот Скопје.

Градот Скопје е подготвен за одржување на градските улици и булевари на подрачјето на Скопје, во зимски услови. За чистење на снежните наноси од коловозите Градот Скопје оваа сезона располага со 24 возила и со доволно количество сол, односно со 2 500 тони сол.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

Назад   

Креиран од UserAA на 03.01.2017
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11866525