MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГОЛЕМ БРОЈ НА ПРИДОБИВКИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ НА ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, и директорот на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Ракип Дочи денеска /11.02.2017 година, сабота/ беа во посета на неколку локации во Општината каде се поставени системи со подземни контејнери.

Целта на обиколката се согледување на ефектите и придобивките од користењето на системот на подземни контејнери, кој Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие „Комуналка хигиена“ – Скопје и општините во Скопје пред неколку години го започна да го имплементира.

- Користењето на подземните контејнери во Скопје има голем број на предности, како за граѓаните, така и за животната околина. Со овој систем сметот е под земја и истиот не создава непријатна миризба, а истиот е и од големо значење за работата на ЈП „Комунална хигиена“ бидејќи значително се заштедува на време и средства. Ги повикувам граѓаните пред чиишто домови се поставени подземните контејнери правилно да ги користат, да не ги оставаат кесите пред контејнерите, да не ги оштетуваат и да не ги паркираат своите возилата пред платформата. Градот Скопје и во иднина ќе го користи и проширува овој систем за одлагање и собирање на сметот, во зависност од интересот на општините во Скопје – кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Коневски изјави дека претходно поставените системи со подземни контејнери во општината дале позитивни резултати и од таа причина се решиле оваа година да го прошират овој проект и да постават подземни контејнери на три нови  локации.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Дочи изјави дека е задоволен од функционирањето и примената на овој систем за одлагање и собирање на комуналниот смет и апелираше до граѓаните истите да се користат правилно и да не се оштетуваат.

Градот Скопје системот со подземни контејнери започна да го користи во 2013 година, каде досега вакви системи со подземни контејнери се поставени на 42 локации во општините Центар, Чаир, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

Во изградбата на овие подземни контејнери со една третина од трошоците учествуваат Градт Скoпје, општината на чија територија се поставуваат и јавното претрпијатие „Комунална хигиена“.

Овој успешен проект продолжува и во 2017 година и е предвидено во текот на годината да се постават нови 15 инсталации, по три во општините Аеродром, Кисела вода, Гази Баба, Чаир и Карпош. За ова инвестиција Градот во својот буџет за 2017 година има предвидено 12 милиони денари со кои ќе учествува во реализацијата.

Назад   

Креиран од UserAA на 11.02.2017
ИНСТИТУЦИИ

 

        

 


 

НАЈАВИ
16.05.2017 ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2017 ГОДИНА
31.03.2017 ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9095611