MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ ОДРЖА 76-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Советот на Град Скопје вчера /16.02.2017 година/ ја одржа 76-та седница на која донесе поголем број на одлуки.

На оваа седница советот донесе поголем број на извештаи, програми и согласности, како Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2016 година за периодот од 01.01 до 31.12.2016 година; Извештајот за извршениот попис на средствата и изворите на средствата на Град Скопје – Скопје со состојба 31.12.2016 година; и согласностите на инвестиционите програми за 2017 година на „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“ и „Улици и патишта“, како и согласности за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2017 година и Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2017 година.

Дополнително, Советот на Град Скопје ги донесе одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров за финансиско учество за изградба на улица 63 и улица 65 во с. Волково – Општина Ѓорче Петров; Одлуката за прифаќање донација на негазирана вода за пиење наменета за настраданите од поплавите во Скопје од 06.08.2016 година; Одлуката за примање на донација од ДОО Пакомак, Скопје; Одлуката за пренесување на правото на трајно користење на садови за отпад на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје; Одлуката за одобрување на набавка на основни средства – канцелариски мебел и опрема за греење и климатизација; Одлуката за набавка на компјутери и компјутерска опрема, мрежна опрема, дигитални сертификати, серверска опрема, серверски и клиентски лиценци, друга ИТ опрема и компјутерски софтвер и лиценци; Одлуката за набавка на основни средства; Одлуката за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект основно училиште во населба Лисиче; Одлуката за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект основно училиште во населба Хиподром; Одлуката за давање на дозвола за вршење на дејност паркирање на јавно паркиралиште со кое стопанисува Балфин увоз-извоз ДООЕЛ, Скопје; Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје; Одлуката за утврдување на вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот - остварен километар; Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје.

Назад   

Креиран од UserAA на 17.02.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
18.12.2017 ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10443242