MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НОВИОТ АМБАСАДОР НА ТУРЦИЈА, ТУЛИН ЕРКАЛ КАРА

 

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска оствари средба со новиот амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Н.Е. Тулин Еркал Кара.

На средбата градоначалникот Трајановски и пожели добредојде на амбасадорката во Скопје, и честиташе за нејзиното назначување на функцијата и изрази уверување дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

Градоначалникот Трајановски истакна дека соработката на двете држави е на високо ниво, како и соработката на Градот Скопје со амбасадата на Турција во Република Македонија.

Трајановски истакна дека Скопје негува одлични односи и со повеќе општини во Турција, пред се со збратимените Истанбул и Маниса со коишто има одлична соработка.

На средбата се зборуваше за досегашната соработка, начините истата да се продлабочи, како и за актуелната политичка состојба во Македонија и состојбата со одржувањето на локалните избори.

Назад   

Креиран од UserAA на 09.03.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
18.12.2017 ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10443319