MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ

Утре /13.03.2017 година, понеделник/ во 13 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата 77 седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записникот од седумдесет и шестата седница на Советот на Град Скопје

 

1. Годишен извештај на Град Скопје за 2016 година;

2. Предлог-Годишна сметка на Буџетот на Град Скопје за 2016 година;

3. Предлог-Одлука за прием во сопственост на едно возило:

4. Предлог-Одлука за пренесување на правото на сопственост на едно возило на ЈСП “Скопје“-Скопје;

5. Информација за степенот на инвестирање во Санитарната депонија “Дрисла“ од страна на концесионерот ФЦЛ Амбиенте;

6. Предлог-Одлука за набавка на ИП телефонија и апликативен софтвер;

7. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел за изработка на проектна документација и изградба на атмосферска канализација на потегот од бул. Христијан Тодоровски Карпош до река Серава;

8. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за финансиско учество за реконструкција на улица Кемал Ататурк – Општина Чаир;

9. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради изградба на дел од ул. Никола Киров Мајски и ул. 5 во населба Хиподром 2 со комплетна инфраструктура;

10. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради изградба на водоводна мрежа во дел од с. Раштак;

11. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради изградба на канализациони мрежи за населените места Трубарево, Ергеле, Гоце Делчев, Јурумлери, Нова Колонија, Идризово и Дрма;

12. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради остварување на заедничка цел изградба, реконструкција и санација на улици во населени места во Општина Гази Баба;

13. Предлог-Одлука за ослободување на барателот од плаќање надоместок за утврдување правен статус на бесправно изграден верски објект;

14. Предлог-Одлука за ослободување на барателот од плаќање надоместок за утврдување правен статус на бесправно изграден објект;

15. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 07;

16. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ЈИ 09;

17. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт СЗ 20;

18. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт СЗ 21;

19. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт СЗ27;

20. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ЦС 04;

21. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички план за четврт Ј 19, Скопје;

22. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП “Градски паркинг“-Скопје;

23. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП “Градски паркинг“-Скопје;

24. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Градски паркинг“-Скопје за 2016 година;

25. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загубата на ЈП “Градски паркинг“-Скопје;

26. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје за 2016 година;

27. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката за 2016 година на ЈП “Паркови и зеленило“-Скопје;

28. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје за 2016 година;

29. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по Годишната сметка за 2016 година на ЈП “Комунална хигиена“-Скопје;

30. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје за 2016 година;

31. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката за 2016 година на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје;

32. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈП “Улици и патишта“-Скопје за 2016 година;

33. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по Годишната сметка за 2016 година на ЈП “Улици и патишта“-Скопје;

34. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈСП “Скопје“-Скопје за 2016 година;

35. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за распоредување на добивката остварена по Годишната сметка за 2016 година на ЈСП “Скопје“-Скопје;

36. Предлог за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта и запишување и прием на ученици во ученичките домови на Градот Скопје во учебната 2017/2018 година;

37. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Град Скопје за периодот  01.01.2016 – 31.12.2016 година и

38. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за спроведување на Програмата за управување со отпад на подрачјето на Град Скопје за 2016 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.

Назад   

Креиран од UserAA на 12.03.2017
ИНСТИТУЦИИ

 

        

 


 

НАЈАВИ

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9540849