MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

16.05.2017

Во рамките на традиционалната манифестација „Денови на пролетта - Денови на екологијата“ Градот Скопје денеска /21.03.2017 година/ објави Јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.

Според условите на конкурсот, Градот Скопје ќе избира:

1.Најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина);

2.Најголем придонес во областа на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, во смисла на заштита на медиумите и областа на животната средина, намалување на користењето на необновливи видови енергија и слично);

3.Најубаво уреден двор (двор на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект);

4.Најубав состав на тема екологија (за ученици од основните и од средните училишта);

5.Најубав цртеж на тема екологија (за ученици од основните и од средните училишта).

 

Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица се доставуваат по пошта на адреса: Град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден број 82, или во архивата на Градот, како и на телефонскиот број 02/3297-273 и 3297-304.

За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.

За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Градот Скопје ја формира од претставници на вработените во секторите на Град Скопје и невладините организации.

Пријавувањето започнува веднаш и трае до 16 мај 2017 година.

Назад   

Креиран од UserAA на 23.03.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
22.11.2017 ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
07.11.2017 ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ И ИНСТИТУЦИИTE ВО УСЛОВИ НА НАРУШУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИEНТНИОТ ВОЗДУХ
30.11.2017 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УМЕТНИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКАТА ИЗЛОЖБА ВО 2018

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10293781