MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОШИРЕН И РЕКОНСТРУИРАН ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ АСНОМ

 

 

Градот Скопје ги заврши градежните работи за проширување и реконструкција на дел од булеварот АСНОМ, на потегот од објектот на Фудбалската федерација на Македонија (Куќата на фудбалот) до првите куќи на улицата Тодор Чангов, во Лисиче.

Со овој проект се проширени и реконструирани 430 метри од булеварот АСНОМ, а сообраќајницата доби 4 (четири) сообраќајни ленти (по две ленти во секоја насока) широки по 3,5 метри. Изведена е и средишна жардиниера со променлива ширина од 2 до 5 метри, како и тротоари, велосипедска патека и разделно зеленило.

Значајно е што во текот на градежните работи беше формирана нова раскрсница на вкрстувањето на булеварот АСНОМ со булеварот Февруарски поход, а уредени се и две нови автобуски стојалишта.

Проширувањето на булеварот АСНОМ се искористи за да се постави нова атмосферска канализација со должина од 221 метар и со профил на цевките од 500 милиметри.

За осветлување на новопроширената сообраќајница се поставени 28 столба за улично осветлување, високи по 10 метри.

На проширување и реконструкција на булеварот АСНОМ, на потегот од објектот на Фудбалската федерација на Македонија (Куќата на фудбалот) до првите куќи во Лисиче работеа градежниците на ДГ „Бетон“ АД Скопје.

Во овој значаен зафат Градот Скопје вложи околу 31,8 милиони денари со ДДВ.

Со проширувањето, булеварот АСНОМ ќе претставува вистински сервис за жителите на новите згради што се изградени во неговата близина, ќе го олесни одвивањето на сообраќајот, ќе се намали метежот и ќе се овозможи забрзан развој на општината Аеродром.

Назад   

Креиран од UserAA на 03.04.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
22.11.2017 ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
07.11.2017 ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ И ИНСТИТУЦИИTE ВО УСЛОВИ НА НАРУШУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИEНТНИОТ ВОЗДУХ
30.11.2017 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УМЕТНИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКАТА ИЗЛОЖБА ВО 2018

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10293790