MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА АЛИЈА АВДОВИЌ ВО СИНЃЕЛИЌ
 

 

 

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски денеска /13.04.2017 година, четврток/ извршија увид во градежните работи на улицата „Алија Авдовиќ“ во населеното место Синѓелиќ.

- Оваа улица е од голема важност, бидејќи ова е главна сообраќајница која ја користат жителите на овој дел од Општина Гази Баба, како што се населените места Синѓелиќ, Стајковски, Страчинци, Булачани, Црешево, Виниче, Смилковци и Раштак, или над 10.000 жители кои секојдневно ја користат оваа улица. Оваа улица ќе добие нов асфалт на потег од раскрсницата со улицата „Антон Попов“ до црквата во Сингелиќ, со вкупна должина од 550 метри. Покрај реконструкцијата на коловозот, на улицата „Алија Авдовиќ“ се постави нов тротоар, а извршена е и нова атмосферска и водоводна мрежа. Градот Скопје за овој проект ќе издвои околу 8 милиони денари – кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајановски изјави дека со ова значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и дека ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во истиот, притоа искажа благодарност до граѓаните за нивното разбирање и соработка за време на извршувањето на градежните работи.

Градоначалникот на Гази Баба Трајковски изјави дека ова е уште една од големиот број на улици кои целосно се реконструираат во населените места кои беа погодени од елементарната непогода минатиот август.

- Изминатиов период Општина Гази Баба ја реконструира делницата на улицата „Алија Авдовиќ“ во делот помеѓу населените места Синѓелиќ и Стајковци, во должина од околу 1,7 километри, додека оваа фаза ја реконструира Градот Скопје. Минатата година успеавме да асфалтираме над 50 улици, додека за оваа година планираме да асфалтираме 80 улици во местата кои беа погодени од големите поплави минатиот август. Работиме на терен и сметаме дека со ова значително ќе се подобри инфраструктурата во овие населени места и истата ќе се врати во состојба како пред поплавите, а на одредени места и во подобра нова состојба – кажа градоначалникот Трајковски.

Назад   

Креиран од UserAA на 13.04.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9991906