MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЕКИПИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ НА ТЕРЕН ГИ РАСЧИСТУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ
 
   
 

 

 

 

Екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно работат на терен за расчистување на штетите кои беа предизвикани од големото невреме кое вчера /14.06.2017 година, среда/ го погоди Скопје и регионот.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска го посети расадникот на ЈП „Паркови и зеленило“, каде градот предизвика поголема материјална штета на објектите (стаклениците) и зеленилото.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера и денеска работат на расчистување на последиците од невремето, каде на повеќе места е евидентирано оштетување на дрвја и зеленило. Екипите работат со соодветна механизација  на расчистување на паднати дрва, искршени крошни на стебла и искршени гранки од невремето, а на терен е евидентирано и оштетување на дел од цветните површини низ градското зеленило.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ со екипи и механизација работат на терен на чистење на сливници и шахти на целата територија на Скопје, но најмногу во Радишани, Бутел, Автокоманда, Чаир и Ченто.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ на терен беа ангажирани на бул. Александар Македонски каде со механизација чистеа наноси на земја и песок.

По обилните врнежи на дожд и град на поголем број на локации во Скопје се појавија поплави на неколку локации во Скопје, како што се подвозникот на бул. Киро Глигоров (кај Бриколаж) и клучката кај хотел Континентал.

На овие локации краток период се создадоа потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а по интервенцијата на ЈП „Водовод и канализација“ и екипите на Противпожарната бригада на Скопје, состојбата за многу краток период се нормализира и сообраќајот се одвива непречено и без застој.

Назад   

Креиран од UserAA на 15.06.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9991944