MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ УМЕТНИК ВЕКС ВАН ХИЛИК ИЗРАБОТУВА МУРАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
 

 

 

 

Светски познатиот уметник - муралист Векс Ван Хилик (Veks Van Hillik) деновиве изработува мурал на зградата над Билната аптека, во центарот на Скопје. Градот Скопје го поддржа проектот на Младинскиот културен центар (МКЦ) за изработка на повеќе мурали на фасадите на зградите во централното и поширокото градско подрачје со 1.250.000 денари. Минатата година два мурали ја украсија фасадата на МКЦ, едниот изработен од групата ЗЕРО (ZERO), а другиот од 40-тина прогресивни уметници од Македонија.

До крајот на оваа, 2017 година, ќе бидат изработени уште десетина мурали од повеќе прогресивни уметници од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка.

Векс Ван Хилик е роден во 1988 година, во југозападна Франција. Под влијание на неговите постари браќа, тој почнува да слика уште од најрана возраст и почетна инспирација наоѓа во природата околу него, во флората и фауната. Хилик подоцна развива сопствен стил: сонувачки, надреален, истовремено вметнувајќи други најразлични влијанија. Сликари како Гистав Доре, Енгр, Караваџо, Дали или Бретон му се постојана инспирација од минатите векови, но, неговото дело е под влијание и на поп-културата, видео-игрите, стрипот, уличната уметност и тетоважите.

Од 2010 година, кога ја остварува својата прва изложба во Тулуз (каде што денес живее и твори), учествувал во голем број изложби ширум Франција. Неговите дела се познати и во странство, со поставките во галеријата МондоПоп (MondoPop) во Рим во 2012 година и во Салерно, во галеријата ГрислТату (Gristle Tattoo) во Бруклин, Њујорк и во Мелбурн, Австралија во 2013 година.

Секоја слика или цртеж од Векс Ван Хилик изгледа како ода посветена на фантазијата, како таинствен прозорец кон неговите сништа и илузии, каде што секоја сцена и лик се префинета мешавина на невиност и мрачност.

Назад   

Креиран од UserAA на 29.08.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
22.11.2017 ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
07.11.2017 ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ И ИНСТИТУЦИИTE ВО УСЛОВИ НА НАРУШУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИEНТНИОТ ВОЗДУХ
30.11.2017 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УМЕТНИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКАТА ИЗЛОЖБА ВО 2018

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10293832