MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПРОДОЛЖУВА ГЕНЕРАЛКАТА НА СВОИТЕ УЛИЦИ И ЈАВНИТЕ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

 

 

Градот Скопје, како дел од краткорочните мерки за намалување на загадувањето во градот, ќе спроведе акција  во која ќе измијат улиците од  наталожената прашина и ќе се исчистат јавните зелени површини во општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел.

- Продолжуваме со примената на вонредните мерки за намалување на аерозагадувањето. Наталожената прашина на улиците во градот е една од причините за загадување на воздухот. Планираме таа прашина да ја тргнеме од улиците. Кон крајот на минатата година организиравме чистење  на Скопје и  беа отстранети над 3.000 кубни метри смет. Целиме кон тоа чистењето да прерасне во редовна пракса, со која улиците во Скопје ќе бидат постојано чисти - истакна градоначалникот  Шилегов.

Тој, исто така, ги повика граѓаните на поголема вклученост во борбата против аерозагадувањето на секој можен начин и посочи  дека ниту една од мерките самостојно не го решава проблемот, ама повеќе мерки во кои ќе бидеме вклучени сите, и граѓаните и институциите, можат да придонесат да дишеме почист воздух, бидејќи Скопје е дом на сите граѓани, а чистотата на амбиенталниот воздух е заедничка обврска.  

- Најпрво, три дена ќе се чистат улиците во општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Започнуваме со овие општини од причина што во овие делови на Скопје, најголем број од домаќинствата се греат на дрва, чие согорување го зголемува количеството на ПМ10 честички во воздухот. По завршувањето на чистењето во овие општини, планирано е акцијата да продолжи и во општините Аеродром и Гази Баба - рече Шилегов.

Во акцијата ќе бидат ангажирани вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП„ Комунална хигиена“ со нивната механизација. Работниците ќе ги исчистат од листови и ќе ги искосат јавните зелени површини, ќе ги искастрат крошните на дрвјата и грмушките, ќе ги отстранат сувите и надвиснати гранки над улиците коишто претставуваат и опасност по безбедноста на минувачите и учесниците во сообраќајот и ќе ги измијат улиците и тротоарите. 

Назад   

Креиран од UserAA на 10.01.2018
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10615656