MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЧИСТЕЊЕТО НА ГРАДОТ ПРОДОЛЖУВА ВО КАРПОШ

Градот Скопје, како дел од краткорочните мерки за намалување на загадувањето, ќе го продолжи чистењето на градот, а следниве неколку денови ќе се чисти територијата на општина Карпош.

- Една од причините за загадување на воздухот е отпадот низ парковите. Ова е продолжение на  акцијата за чистење која беше спроведена изминатиот месец во Чаир, Бутел и Шуто Оризари, како реони каде  што најголем број од домаќинствата се греат на дрва, чие согорување го зголемува количеството на ПМ10 честички во воздухот – изјави претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Градот Скопје преку Секторот за комунални работи и ЈП „Паркови и зеленило“ поради поволните временски услови ја почна и реализацијата на  Програмата за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето на град Скопје.

- Паралелно со чистењето, на следниве локации работиме и на зазеленување на парковите, реконструкции на тревни површини и реконструкција на системите за наводнување и поставување нови на места каде што никогаш немало поставено прскалки. Па така се реконструираат тревните површини во Градски парк на две локации: езерцето кај Стадионот и површината спроти паркингот пред Фонтана и влезот во Градскиот парк, како и тревната површина на Кејот на реката Вардар и  зелената површина зад МКЦ. Хортикултурно се уредува јавна површина и се подига нова парковска површина на бул. Втора македонска бригада,  бул.  Македонско-косовска бригада, бул. Христијан Тодоровски - Карпош и  на ул. Самоилова – посочи Љубица Јанчева.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, нагласи дека приоритет на Градот е подобрување на животната средина,  а тоа ќе го постигнат со надоместување на изгубеното зеленило и дополнително зголемување на парковите и дрворедите во сите општини во градот.

- Започнуваме координирана акција заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ за чистење на меѓублоковско зеленило, за отпад меѓу станбените згради, собирање и транспорт на лисјата од јавните површини, кастрење на исушени гранки и грмушки. Целта е да го исчистиме Карпош и полека да се подготвуваме за зелената офанзива која ќе започне на пролет во Општината - изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Акцијата  ја изведува градското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“  со целиот свој расположлив човечки и технички потенцијал.

Кон крајот на минатата година Градот Скопје организираше чистење и беа отстранети над 3.000 кубни метри смет од  парковите и улиците во Скопје. Целиме ваквото чистење да прерасне во редовна пракса и зеленилото и улиците низ градот да бидат постојано чисти.

Назад   

Креиран од UserAA на 13.02.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12834343