MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЈАВЕН ПОВИК

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани  правни субјекти и тоа:  установи од областа на културата, здруженија на граѓани и фондации, како и други правни лица што вршат дејности од оваа област во согласност со Законот за културата и другите позитивни законски прописи во Република Македонија да аплицираат на распишаниот јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градот Скопје. Овој повик е  во рамки на проектот„ ОД ЦЕНТАРОТ КОН ПЕРИФЕРИЈАТА: КУЛТУРАТА КАКО АЛАТКА ЗА СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ“.

Со цел да се обезбеди деконцентрација на културата и  истата да се дисперзира на територија на Градот Скопје, а притоа да се лоцираат неискористени јавни простори и јавна инфраструктура, чијашто реупотреба може да влијае  во подобрување на социјалниот и културниот живот на жителите на  градот Скопје,  Град Скопје распиша јавен повик на кој ќе бидат доделени средства за реализација на проекти што ги остваруваат целите на јавниот повик.

Проектот ќе се реализира во текот на 2018 година (но не подоцна од 1 декември) на отворени јавни простори и површини, како и во админстративни објекти што се во јавна надлежност: месни заедници, домови на културата и слично. Средствата за оваа намена се предвидени во Буџетот на Град Скопје за 2018 година.

Една од целите и приоритетите на проектот, е предложените проектни активности  да вклучуваат интерактивност со локалното население со кое ќе се дефинираат културните потреби и активности, а се препорачува и вклучување на припадниците на социјалните ранливи групи и малцинства, припадници на етничките заедници, деца и ученици коишто живеат во околината,  со вклучување на родова компонента и  родово  избалансирани активности.

Јавниот повик е објавен денеска (13 март 2018 година) во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“  и ќе трае до 11 април  2018 година. Повикот  со апликациониот формулар е објавен и на официјалниот  портал на Град Скопје на следниот линк: 

http://www.skopje.gov.mk/uploads/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%201.pdf

До истиот може да се пристапи преку патеката: Објави, конкурси, настани... -> Јавни повици.

Назад   

Креиран од UserAA на 13.03.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12611469