MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРИЈАВЕТЕ ДИВА ДЕПОНИЈА, СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ

 

Градот Скопје оваа пролет ќе организира акција за чистење на јавните површини и за миење на градските улици. Акцијата ќе ја спроведат јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ со своите работници и расположливата механизација. Градот Скопје ги повикува и граѓаните да се вклучат во оваа акција и да придонесат за почисто Скопје.

- Ги повикуваме и  нашите сограѓани да придонесат во акцијата и да ни помогнат да ги лоцираме дивите депонии во градот. Од денеска, сите совесни граѓани можат да пријавуваат диви депонии до Град Скопје со испраќање фотографија и локација на депонијата преку вибер на бројот 070 270 557 или со порака на нашата официјална фејсбук страница - Град Скопје. Сакам да ја искористам оваа пригода и да ги повикам и сите општествено одговорни компании и институции да ни се приклучат и да ни помогнат со својата механизација за почисто Скопје, бидејќи Скопје е заеднички дом и треба заедно да го чуваме - рече на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Градот Скопје и во текот на изминатата есен организираше акција за чистење на јавните површини. Во таа акција беа собрани и отстранети над  3.000 кубни метри смет.

- Со мотив и идеја градот да биде почист, наша цел е ваквите акции да станат редовна пракса, одржувајќи ги улиците постојано чисти во град без диви и нови депонии – нагласи Салиху.

Назад   

Креиран од UserAA на 15.03.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12834291