MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Почнуваат деновите на екологијата
ДЕЦАТА И КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ВО СВЕТОТ НА ЕКОЛОГИЈАТА

Градоначалникот Шилегов, постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани и градоначалници на скопските општини, денеска присуствуваа на манифестацијата „Децата и КХС во светот на екологијата“ што се одржа на Школката во Градскиот парк.

- Ми претставува огромна чест и задоволство што сме дел од овој настан организиран во рамките на деновите на екологијата. Подигнувањето на еколошката свест кај граѓаните, особено кај најмладата популација, е важен предуслов за заштита на животната средина и околината во која живееме. Секое дете и секој човек има право на чиста и здрава животна средина. Децениската негрижа за животната средина доведе до уништување на заштитените подрачја, масовна сеча на дрвја, енормно загаден воздух – изјави Шилегов.

Тој нагласи дека градската администрација е посветена на заложбите за здрава животна средина и одговорно ги следи потребите на своите сограѓани, а идејата  за организирање на овој настан е развивањето на еколошката свест, особено кај најмладите, а со тоа и зголемување на помошта од граѓаните за зачувување на животната средина, неопходна за здрав живот на сите.

-Наша цел е до 2021 година да поднесеме кандидатура за Скопје европска зелена престолнина. Работиме на поставување стандарди за зачувување на животната средина. Оваа пролет се фокусираме на чистење и зазеленување на Скопје. Планираме да го исчистиме градот од дивите депонии и да засадиме над 4.000 нови дрвја на зелените површини. Резултатите од пролетната акција за чистење и зазеленување на градот ќе бидат видливи на краток рок. Наш приоритет е подобрување на животната средина. Должни сме да го надоместиме изгубеното зеленило и дополнително да ги зголемиме парковите и дрворедите во сите општини во градот. Нашите сограѓани заслужуваат подобрување на условите за живот, а промената  започнува од нас. Ние сме пример на нашите деца, внуци, на најмладите. Заедно ќе го направиме Скопје поубаво место за живеење – нотираше Шилегов.

Постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, истакна дека е среќна што денеска постарите имаат можност да научат од најмалите како да рециклираат и да ја зачуваат животната средина.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани,  нагласи дека тие како претпријатие и во иднина ќе организираат работилници и предавања за најмладите и ќе настојуваат оваа манифестација да стане традиционална.

На манифестација „Децата и КХС во светот на екологијата“, на којашто учествуваа ученици од училиштата и дечиња од градинките од сите скопски општини, односно секоја општина беше опфатена со по две училишта и една градинка, беа доделени и награди на најкреативните училишта за изработки од рециклирани материјали.

Првото место го освоија учениците од ОУ„Лазо Ангеловски“, второто место од ОУ „Тефејуз“, а  третото место им припадна на учениците од ОУ „Кочо Рацин“.

Дечињата од градинките се претставија и со свои еколошки точки, додека секое училиште имаше  свои учесници во спортските игри што се одвиваа со едукатори.

Назад   

Креиран од UserAA на 19.03.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11866550