Дозвола за користење место за огласување

Дозвола за користење место за огласување

Сектор: Сектор за Сообраќај
Одделение: Одделение за издавање на лиценци и дозволи од областа на собраќајот.
Одговорно лице: Јулијана Тасевска
Телефон: +389 2 329 7308
email: julijana.tasevska@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Доставување на барање за издавање на Дозвола за користење на место за огласување (рекламирање), заедно со потребната документација во Архива на Град Скопје (барака 14);
  2. Изготвување на Дозволата врз основа на барањето и доставената документација;
  3. Подигнување на Дозволата од страна на барателот
Потребни документи:
  1. Барање во кое треба да бидат наведени: називот на правното лице, даночниот број на правното лице, адреса на правното лице, типот на рекламното пано и контакт телефон.
  2. Скица на сообраќајно решение со микролокација на рекламното пано.
  3. Скица на техничко решение за рекламното пано со димензии.
    Уплатница од 270 денари за платена административна такса.
Рокови за постапката:

15 дена

Документ/акт што граѓанинот го добива:

ДОЗВОЛА за користење место за огласување


Постави прашање: