Совет

Советот на Град Скопје го сочинуваат 45 члена коишто се избираат во општи, непосредни, слободни и демократски избори.

Советот на Град Скопје го сочинуваат 45 члена коишто се избираат во општи, непосредни, слободни и демократски избори.

Членовите на Советот се избираат со мандат со времетраење од четири години, тие ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сопствени убедувања. Членот на Советот не може да се отповика.

Совет на Град Скопје 2021-2025

Претседател на Советот на Град Скопје
Проф. д-р Трајко Славески

 

Проф. Трајко Славески е роден во Охрид во 1960 година. Тој е редовен професор на Економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Студирал на истиот Универзитет, а бил на постдипломски студии во САД (Калифорниски државен универзитет – 1986/87год. и на Универзитетот Харвард – 1989/90год.).

Во минатото проф. Славески ги извршуваше функциите Министер за развој (1999 – 2000) и Министер за финансии (2006 – 2009) во македонската Влада.

Како член на Владата на Република Македонија има иницирано и водено бројни реформи во економскиот и финансискиот систем на земјата. На локалните избори одржани во 2021 година беше носител на листата советници на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО - ДПМНЕ. На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, одржана на 17.11.2021 год., e избран за претседател на Советот на Град Скопје.

Проф. Славески е долгогодишен активен учесник во домашните јавни дебати за економски и финансиски прашања. Тој е исто така плоден автор на 8 книги (неколку во ко - авторство) и бројни статии во домашни и странски академски списанија, како и во печатени и електронски медиуми за пошироката јавност.

Членови на Советот на Град Скопје
ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА „ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА“
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА - КОАЛИЦИЈА “НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“
Демократска Унија за Интеграција – ДУИ
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
КОАЛИЦИЈА ДВИЖЕЊЕ ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ
Коалиција Алијанса на Албанците и Алтернатива
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ДРАГАНА ВЕЛКОВСКА
НЕЗАВИСНИ ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
Демократски Сојуз