КОМИСИЈА ЗА ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ

Канцеларијата за унапредување на правата на пациентите
Информации за комисијата за унапредување на правата на пациентите

Согласно Законот за заштита на правата на пациентите (Службен весни на РМ бр.82/2008, 12/2009), според кој општините и Градот Скопје се должни да формираат постојана Комисија и да отворат канцеларија за унапредување на правата на пациентите, во согласност со прописите од областа на локалната самоуправа, Градот Скопје на 46 -та седница одржана на 07.07.2011 година ја усвои Одлуката за формирање Комисија за унапредување на правата на пациентите.

Комисијата е составена од девет члена, кои се избрани од страна на Советот на Град Скопје и тоа: претставници на пациентите – членови на здруженијата на пациентите, двајца претставници на невладините организации кои се занимаваат со човековите права и граѓанските иницијативи, двајца лекари и тројца членови делегирани од Советот на Град Скопје. Мандатот на членовите на Комисијата изнесува две години со право на уште еден последователен избор. Во состав на Комисијата се формирани три работни групи и тоа:
- работна група за информирање и односи со јавноста;
- работна група во однос на прашањата од медицинската област;
- работна група во однос на прашањата од правната и организационата област.

Надлежностите на Комисијата
- Унапредување на правата на пациентите и нивната заштита;
- Следење и проценка на состојбата со заштитата на правата на пациентите;
- Предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи;
- Соработка со надлежните органи;
- Разгледување на поплаки од пациенти и предлагање за преземање на мерки до надлежни органи;
- Барање експертиза ако оцени дека тоа е неопходно за утврдување на состојбата;
- Водење евиденција за поединични поплаки на пациентите, како и на мерките преземени за заштита на правата на пациентите;
- Подготвување и издавање извештај за заштитата на правата на пациентите, пред Советот на општината односно Градот Скопје;
- Издавање информации, промотивен и друг материјал со цел за унапредување на правата на пациентите и
- Вршење други работи пропишани со Законот за заштита на правата на пациентите.

Своите надлежности Комисијата ги остварува преку: одржување на редовни и итни седници, организирање на трибини, публикации, едукативни кампањи, електронски и печатени материјали и други дополнителни активности, контакти со претставници на слични тела или органи и институции од земјата и странство заради превземање на заеднички активности, размена на искуства, идеи и остварување на соработка, како и при разрешување/разјаснување на одредени прашања.
Комисијата работи врз основа на писмено и усмено поднесени претставки и тоа: индивидуални претставки од пациенти и претставки од Здруженија на граѓани. Исто така Комисијата работи на предмети и по сопствена иницијатива доколку смета дека постои повреда на правата на пациентите.

Работни обврски на членовите на Комисијата се:
- Редовно и активно учество на средбите на Комисијата;
- Подготовка и спроведување на План за работа на Комисијата со временска рамка;
- Подготовка на Деловник за работа на Комисијата како и други акти;
- Следење и проценка на состојбата со заштитата на правата на пациентите;
- Разгледување поплаки на пациентите и предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи;
- Подготвување и издавање извештај за заштитата на правата на пациентите, пред Советот на Градот Скопје;
- Подготвување информации, промотивен и друг материјал со цел унапредување на правата на пациентите;
- Реализација на други активности за унапредување на правата на пациентите и нивната заштита.

Контакт

Канцеларијата за унапредување на правата на пациентите
Барака 2
Бул.Илинден бр.82
Град Скопје
Тел. 02 3297 278

pravanapacienti@skopje.gov.mk

Документи и Акти