Противпожарна Бригада

Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ)

Секторот за заштита и спасување врши работи од областа на заштитата и спасувањето, управувањето со кризи, одбраната и пожарникарството во согласност со закон и ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје.

Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ)

- Гаснење на пожари на подрачјето на градот Скопје;
- Отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
- Спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
- Укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
- Извршување на други работи при несреќи и непогоди;
- Врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не смеат да го оневозможуваат или попречуваат извршувањето на функциите од претходните алинеи на овој став;
- Заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Македонија;
- Давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;
- Водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Градот Скопје за тоа;
- Периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица;
- Тековна поправка и одржување на механиката;
- Давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;
- Врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;
- Едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности.