Јавни претпријатија

Јавни претпријатија под надлежност на Град Скопје
Јавно Претпријатие ”ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО” – Скопје

Јавното Претпријатие ”Паркови и зеленило” е најстаро претпријатие во земјава кое се занимава со зеленилото во сите негови видови и појавни облици
ЈП ”Паркови и зеленило” во сегашната структура е основано од страна на Градот Скопје и делува како самостојно претпријатие од 1 јануари 1993 година, по дезинтеграција на ЈКП ”Комуналец”.
Тоа како јавно претпријатие, се грижи за одржување и развој на зеленилото во градот, како сложена работна задача која бара финансиски средства и ангмажман на обучени, професионални и квалитетни стручни кадри од оваа област.
Вкупната зелена површина на Градот, за која е одговорно ЈП ”Паркови и зеленило”, изнесува 51.110.295м2,од кои градското зеленило опфаќа површина од 3.784.295, а вонградско зеленило површина од 47.326.000.

Еколошки Анализи

Зелен Катастар

 

 

Адреса:Бул.Илинденска бб
Телефон:02 3062293
Телефон:02 3070112 / 3064688
факс:02 3070115
Поштенски Фах:437
e-mail:parkovi@t-home.mk
интернет портал: www.parkovi.com.mk

Јавно Претпријатие „Градски Паркинг“ - Скопје

ЈП Градски паркинг - Скопје е основано од Совет на Град Скопје и согласно Законот за јавни претпријатија во вршењето на дејност од јавен интерес ги почитува принципите на: сигурност во давање на услугата, континуитет и квалитет на услугата, транспарентност, достапност и универзална услуга, заштита на корисниците и потрошувачите.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг - Скопје постои со цел да го организира сообраќајот во мирување односно, да управува, уредува и одржува паркинг места во градот; да отстранува непрописно запрени, паркирани како и хаварисани возила од јавните сообраќајни површини како и од зелените површини во градот.
Според однапред утврдена Програма и План за работа, Претпријатиетое организирано во рамки на сектори: Сектор Јавни паркиралишта, Сектор пајак, Сектор економиja, Сектор за маркетинг и комерција и Сектор за правни и општи работи.
Јавното Претпријатиерасполага со шест специјални возила Пајак (три нови кои Претпријатието ги набави 2007 година и три стари Пајак возила), едно Депо за складирање на возилата отстранети од јавните површини, петнаесет затворени јавни паркиралишта, систем за зонско паркирање како и Проект за зонско паркирање според кој во досегашната имплементација Претпријатието оспособи уште околу 700 паркинг места за паркирање во зони.
Во својот стручен, современ и компетентен пристап кон проблематиката на паркирање, во областа на својата дејност односно, во планирањето, унапредувањето и развојот на сообраќајот во мирување, главна цел на Претпријатието е унапредување на услугата паркирање како и зголемување на бројот на паркинг места во градот.

Велосипедски Патеки

Паркинзи на Град Скопје

 

 

Адреса: бул. Илинден бб, п. фах. 739
Телефон: 02 3091072; 3091074
Факс: 02 3091073
Е- пошта: infogradski@gradskiparking.com
Интернет страница: www.gradskiparking.com.mk

Јавно Претпријатие „Улици и Патишта“ – Скопје

Улици и патишта е јавно претпријатие основано од град Скопје кое обавува дејност од посебен јавен интерес. Оваа своја дејност ЈП ја обавува од 1958 година како Градска управа за патишта, организација со самостојно финансирање. Од 1972 до 1992 година се наоѓа во состав на ЈКП Комуналец-Скопје.
Со одлуката од 1992 година за поделба на ова претпријатие во повеќе посебни претпријатија и со заведување во судскиот регистар на Окружниот стопански суд во Скопје од 29.12.1992 година ЈП. Улици и патишта - Скопје започна да функционира како самостоен правен субјект.

ЈП Улици и патишта врши дејност согласно националната класификација на дејности со следните називи и шифри на дејност:
- Изградба на автопатишта и други сообраќајници, аеродромски писти и спортски терени; 
- Уредување, изградба, реконструкција и одржување на магистрални улици,собирни улици, плоштади и спортски терени; 
- Одржување на улична сообраќајна сигнализација; 
- Одржување на улици и сообраќајници во зимски услови;

Адреса: ул.„Коле Неделковски”бр.38
Телефон во дирекција: 3162-317
Сектор механизација: 2783-530
Одделение семафори: 3071-948 
e-mail: info@uip.gov.mk
интернет станица: www.uip.gov.mk

Јавно Сообраќајно Претпријатие – Скопје

Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје е компанија од јавен интерес на градот Скопје. Главна активност е транспорт на патници во јавните градски и приградски области.
Компанијата е создадена со декрет на извршниот народен одбор на градот Скопје од 11.07.1947 а регистрирана на 17.01.1948 по име Јавно автобуско сообракајно претпријатие.
Со резолуција на Советот на град Скопје од 1989 истото е реорганизирано во Јавно транспортно претпријатие.
Јавното сообраќајно претпријатие има вкупно 377 автобуси и возат по 75 автобуски линии, од кои 34 се градски а 41 се приградски.

Адреса: бул. Александар Македонски 10, 1000 Скопје
Телефон: 3174-264; 3174-260
Е- пошта: jsp1@jsp.com.mk
веб страница: www.jsp.com.mk 

Јавно Претпријатие „Комунална Хигиена“ – Скопје

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје (КХС) е формирана во далечната 1906 година како специјална екипа за одржување на чистотата и хигиената во градот именувана како „Чистачка колона”. Нивна задача било метење на улиците, на просторот околу ановите и пазарите, но и да учествуваат во гасењето пожари во градот. Во 1911 година чистачката група се зголемила и го добила името Белегзија.
Од 1968 па се до 1992 повеќе претпријатија од комуналната дејност го сочинуваат Комуналец, а веќе од 1992 год. со повторното раздружување на претпријатијата функционира сегашното претпријатие ЈП Комунална хигиена Скопје.
Основна дејност на претпријатието е одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје и тоа: метење и миење на улиците , собирање, транспортирање и депонирање на цврст комунален и индустриски отпад, селектирање и сепарирање на цврст комунален отпад.

Адреса: ул.516  бр.10, 1000 Скопје
Тел: бесплатна телефонска линија за
услугата собирање кабаст отпад: 0800 222 33
дежурен телефон: 3216 644 – оперативни прашања
3220 663 – административни прашања

e-mail: khs@khs.mk ; grizazakorisnici@khs.mk
web: www.khigiena.com.mk



Јавно Претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје

ЈП „Водовод и канализација” - Скопје, врши собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење, одвод и пречистување на отпадни води и одвод и испуштање на атмосферски води. Преку оваа основна комунална дејност, ЈП„Водовод и канализација“ преставува субјект со носечка улога во јавниот интерес и во непречената циркулација на урбаното живеење.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје е основано со Решение на Градското народно собрание во 1946 година, како Градско стопанско претпријатие „Водовод“, а со Статутот од 1964 год. името е Претпријатие за водовод и канализација на град Скопје - Скопје.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје денес врши експлоатација и одржување на околу 980.000 м водоводна мрежа и 750.000м канализациона мрежа.

Телефон во дирекција: 3240-300
e-mail: kontakt@vodovod-skopje.com.mk
интернет станица: www.vodovod-skopje.com.mk
Дежурно информационен центар: 3073-010, 0800 22555 - бесплатен број
e-mail: dezurna@vodovod-skopje.com.mk

Депонија „Дрисла“ – Скопје ДОО

Депонијата Дрисла е изградена и отворена од Градот Скопје во 1994 година. Лоцирана е во југоисточниот дел од градот Скопје на оддалеченост од 14 км од центарот на градот.
Се простира на површина од 76 ха, со проектен капацитет од 26.000.000 м3 депониран комунален отпад. 
Во проектната документација се планира дека истата ќе биде наполнета за околу 30 години, но во досегашната експлоатација од 16 години, истата е исполнета до 33 % од вкупниот капацитет, што укажува на фактот дека следните 30 години има начин на депонирање, без претходна селекција и искористување на отпадот кој може да служи како секундарна суровина (хартија, метал, стакло, пластика).
ЈП „Дрисла“ – СКОПЈЕ ДОО е регистрирана за вршење на следните дејности:
- Обработка и отстранување на безопасен отпад;
- Собирање на опасен отпад;
- Обработка и отстранување на опасен отпад.

Адреса: ул. Илинден ББ, 1000 Скопје
Адреса на депонијата: с.Батинци, Општина Студеничани, п.фах 34, 1050 Скопје
Телефон: 02/2722-400 и 02/2722-500
интернет станица: www.drisla.mk
e-mail: drisla@drisla.mk

Јавно претпријатие за благостојба за животни скитници Лајка – Скопје

Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје е ново јавно претпријатие основано со Одлука на Град Скопје 2019 година кое извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомните кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња.

Спроведување на програмата за работа на ЈП ЛАЈКА значи прва алатка во синџирот за решавање на проблемот со бездомните кучиња и нивно вдомување. Работата на прифатилиштето се базира врз законска рамка со голем осврт на активности кои се однесуваат на:

- намалување на популацијата на бездомните кучиња;

- хуман третман и благосостојба на бездомните кучиња;

- вдомување и градење култура за вдомување на бездомни кучиња;

- подигнување на свеста за одговорно сопствеништво.

 

 

Адреса:  ул. 840 бр. 2, Гази Баба, Скопје

Инфо тел:  + 389 22 56 58 59

СОС тел:  + 389 02 257 57 65

E-пошта:  info@lajka.com.mk  /  sos@lajka.com.mk  /  vdomi@lajka.com.mk

Веб страница:  www.lajka.com.mk