Совет

Советот на Град Скопје го сочинуваат 45 члена коишто се избираат во општи, непосредни, слободни и демократски избори.

Советот на Град Скопје го сочинуваат 45 члена коишто се избираат во општи, непосредни, слободни и демократски избори.

Членовите на Советот се избираат со мандат со времетраење од четири години, тие ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сопствени убедувања. Членот на Советот не може да се отповика.

Надлежности

  • Го донесува Статутот на Град Скопје и други законски прописи;
  • Го донесува буџетот и годишната сметка на Град Скопје;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Град Скопје, во рамките утврдени со закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежностите на Градот како и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, чиишто основач е Град Скопје;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на буџет и годишната сметка на Град Скопје;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со законот;
  • Ги усвојува извештаите за работа како и годишните сметки на јавните служби, чишто основач е Град Скопје;
  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Град Скопје;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиската контрола на буџетот на Град Скопје, во согласност со законот;
  • Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на Град Скопје, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител;
  • Може да даде препораки на раководното лице во подрачната единица при Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во собраќајот;
  • Врши и други работи утврдени со закон.

Претседател на Советот на Град Скопје
Проф. д-р Љубица Јанчева

Проф. д-р Љубица Јанчева е родена на 26 јануари 1969 година во Струмица, каде што го завршува основното и средното образование. Додипломските и последипломските студии ги завршува на Филозофскиот факултет - Институт за историја при Универзитетот       „Св. Кирил и Методиј“- Скопје. Во 2006 година, во ЈНУ Институт за национална историја Скопје, ја одбранува докторската дисертација и се стекнува со титулата доктор по историски науки. Во 2013 година, избрана е во звањето редовен професор, на Институтот за национална историја.

Во периодот 2009 - 2013 година, член е на ИО СДСМ Аеродром. Во 2013 година, избрана е за координатор на ’Форумот на жени’ на СДСМ на Град Скопје и за координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, во Советот на општина Аеродром.

На локалните избори во 2017 година, избрана е за член на Советот на Град Скопје, од листата на СДСМ и коалицијата, а по верификацијата на мандатот, избрана е и за Претседател на Советот на Град Скопје.

Проф. д-р Љубица Јанчева е сопруга и мајка на едно дете.

Членови на Советот на Град Скопје
СДСМ и коалицијата
ВМРО ДПМНЕ и коалицијата
ДУИ
БЕСА
Алијанса на Албанците
Левица