Qytetarët pyesin

Merrni kontakt me qytetin dhe bëni një pyetje ose lini një koment

Pyetje në pyetje

Кој е надлежен да ги контролира и санкционира угостителите кои со своите летни тераси ги узурпираат тротоарите и јавниот простор?

- Градот Скопје е надлежен за самите постапки за добивање Одобрение за поставување урбана опрема. Дали субјектите се придржуваат до добиеното одобрение за димензиите и изгледот на поставената опрема, како и контролата за тоа дали воопшто поседуваат одобрение, надлежни се соодветните општински инспекции.

Каде да пријавам неисечени стари и суви дрвја и гранки?

- Градот Скопје е надлежен за издавање решенија за сечење и кастрење дрвја, грмушки и жива ограда на јавна или дворна површина, а сечењето и кастрењето го вршат стручните екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

Повеќе информации за самата постапка може да добиете во Секторот за комунални работи на Град Скопје на телефонскиот број +389 2 3297 392 или по пат на електронска пошта на адресата Marija.Stojanovska@skopje.gov.mk

Каде да пријавам проблем со кучиња скитници?

- За проблеми со уличните кучиња треба да се обратите во Службата за хуман третман и контрола на бездомни животни при јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кои се задолжени за заловување на уличните кучиња и нивен транспорт до стационарот „Вардариште“.

За повеќе информации може да се обратите на телефонските броеви +389 2 5217 171 и +389 2 3216 644.

Сакам да вдомам бездомно куче. Кажете ми каде може да добијам подетални информации?

- Сите заинтересирани граѓани можат да вдомат бездомно куче од Стационарот „Вардариште“, од вторник до сабота, во терминот од 9 до 13 часот.
Притоа, кучињата од најразлични раси и големини што се определени за вдомување на граѓаните им се отстапуваат третирани, стерилизирани, вакцинирани и без никаков паричен надоместок. Секој граѓанин што вдомува куче, мора да пополни формулар со своите податоци и да се обврзе дека ќе биде одговорен сопственик, почитувајќи ги постојните закони.

За повеќе информации може да се обратите на телефонскиот
број +389 2 5217 171.

Каде може да пријавиме дека нередовно се подигнува сметот од нашите канти и контејнери?

- Поплаки за нередовно подигнување смет може да доставите до Градот Скопје, до Секторот за комунални работи на телефонските броеви +389 2 3297 283 и +389 2 3297 392.

Може да се јавите и во јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на дежурниот телефон +389 2 3216 644, од 8 до 20 часот.

Каде може да пријавиме кога автобусите на ЈСП и на приватните превозници не се придржуваат до возниот ред?

- Системот за јавен превоз во Скопје е комбиниран и истиот го спроведуваат Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и повеќе приватни компании. Сите тие имаат унифициран систем за наплата на билетите, како и официјално донесен возен ред до кој мора да се придржуваат.

Доколку автобусите не се придржуваат до официјалниот возен ред граѓаните можат да пријават во Град Скопје, во Центарот за информации и упатување на граѓаните, на бројот +389 2 3297 255 и во ЈСП во Оперативниот контролен центар на бројот +389 2 3173 264.

Каде може да добиеме подетални информации за проектот „Дрво за секое дете“?

- Повеќе информации за овој проект може да добиете во Центарот за информации и упатување на граѓаните на телефонскиот број +389 2 3297 255.