Дозвола за вршење на посебен линиски превоз на патници
Дозвола за вршење на посебен линиски превоз на патници
Сектор: Сектор за Сообраќај
Одделение: Одделение за издавање на лиценци и дозволи од областа на собраќајот.
Одговорно лице: Александар Крстевски
Телефон: +389 2 3297 308
email:Aleksandar.Krstevski@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
- Доставување на барање за издавање на Дозвола за вршење на посебен линиски превоз, заедно со потребната документација во Архива на Град Скопје (барака 14);
- Изготвување на Дозволата врз основа на барањето и доставената документација;
- Подигнување на Дозволата од страна на барателот.
Потребни документи:
- Барање, пополнето и заверено од правно лице;
- Копија од лиценцата за вршење на општински линиски превоз на патници во внатрешниот патен транспорт;
- Копии од сообраќајните дозволи (најмалку две) на возилата регистрирани на име на фирмата, заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со обвластен дистрибутер, заверен на нотар;
- Копија од потврдата за исполнетост на потребите техничко експоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на градски и приградски патнички превоз во патниот сообраќај издадена од станиците за технички преглед на моторните возила;
- Копија од обрасците М1/М2 за вработени во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило што ги исполнува условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот;
- Копија од возачка дозвола со соодветна категорија;
- Договор склучен со правно лице и список на патници што ќе се превезуваат;
- Возен ред (временски термини за поаѓање и пристигање);
- Извод од лиценца за возила во зависност од потребниот број на возила.
Рокови за постапката:
15 дена
Документ/акт што граѓанинот го добива:
ДОЗВОЛА за вршење на линиски превоз на патници