Дозвола за вршење на посебен линиски превоз на патници

Дозвола за вршење на посебен линиски превоз на патници

Сектор: Сектор за Сообраќај
Одделение: Одделение за издавање на лиценци и дозволи од областа на собраќајот.
Одговорно лице: Александар Крстевски
Телефон: +389 2 3297 308
email:Aleksandar.Krstevski@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Доставување на барање за издавање на Дозвола за вршење на посебен линиски превоз, заедно со потребната документација во Архива на Град Скопје (барака 14);
  2. Изготвување на Дозволата врз основа на барањето и доставената документација;
  3. Подигнување на Дозволата од страна на барателот.
Потребни документи:
  1. Барање, пополнето и заверено од правно лице;
  2. Копија од лиценцата за вршење на општински линиски превоз на патници во внатрешниот патен транспорт;
  3. Копии од сообраќајните дозволи (најмалку две) на возилата регистрирани на име на фирмата, заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со обвластен дистрибутер, заверен на нотар;
  4. Копија од потврдата за исполнетост на потребите техничко експоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на градски и приградски патнички превоз во патниот сообраќај издадена од станиците за технички преглед на моторните возила;
  5. Копија од обрасците М1/М2 за вработени во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило што ги исполнува условите  пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот;
  6. Копија од возачка дозвола со соодветна категорија;
  7. Договор склучен со правно лице и список на патници што ќе се превезуваат;
  8. Возен ред (временски термини за поаѓање и пристигање);
  9. Извод од лиценца за возила во зависност од потребниот број на возила.
Рокови за постапката:

15 дена

Документ/акт што граѓанинот го добива:

ДОЗВОЛА за вршење на линиски превоз на патници


Постави прашање: