Дозвола за вонреден превоз
Сектор: Сектор за Сообраќај
Одделение: Одделение за контрола на сообраќајната сигнализација и утврдени режими на сообраќај.
Одговорно лице:
Телефон: +389 2 3217 010
email: /
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
- За вонреден превоз, Секторот за сообраќај издава Дозвола врз основа на Согласностна Министерството за внатрешни работи.
- Оваа Дозволасе издава за возила што не ги исполнуваат пропишаните услови, во поглед на димензиите, вкупната маса и осното оптоварување и кои со своето учество во сообраќајот ја загрозуваат безбедноста или значително го попречуваат одвивањето на сообраќајот и истата е со ограничено време на важност, a се однесува за во границите на подрачјето на Градот Скопје, утврдено со Законот за Градот Скопје (“Сл. весник на РМ“бр. 55/2004).
- За обезбедување на оваа Дозвола, барателоткако правно или физичко лице, доставува Барање преку Архивата на Градот Скопје (барака 16) со административни таксени марки во вредност од 200,00 денари. Со барањето, барателот доставува План на сообраќајниците со траса на движење на возилото во мерка 1:1000 или 1:2500, фотокопии од сообраќајната дозвола на возилото и доказ за склучена, односно договорена работа или потреба.
- По разгледување на целокупната доставена документација, Секторот за сообраќај преку својата архива со допис ја доставува до МВР - СВР, Одделение за БПС, согласно законските прописи за нивно произнесување, односно за прибавување на Согласност.
- Веднаш по добивање на Согласноста, овој Сектор изготвува Дозволаи заедно со целокупната горе наведена документација ја доставува за потпис и печат.
- На крајот, постапката завршува со допис. Се доставува Дозволата на адреса на барателот, за понатамошна реализација.
Потребни документи:
- Барање со административни таксени марки во вредност од 200,00 денари;
- План на сообраќајниците со траса на движење на возилото во мерка 1:1000 или 1:2500;
- Фотокопијаод сообраќајната дозвола на возилото;
- Доказ за склучена, односно договорена работа или потреба.
НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.
Рокови за постапката:
Од 2 до 4 работни дена.
НАПОМЕНА: Во дефинираниот број на денови не влегуваат и деновите потребни за прибавување на Согласност од МВР-СВР.
Документ/акт што граѓанинот го добива:
Дозвола за вонреден превоз, согласно член 155 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Сл. весник на РМ“ бр.14/98, 38/2002, 38/2004 и 109/2005)