Лиценца и извод од лиценца

за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај

Сектор: Сектор за Сообраќај
Одделение: Одделение за издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот.
Одговорно лице: Александар Крстевски
Телефон: +389 2 3217 308
email: Aleksandar.Krstevski@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Доставување на барање за издавање на Лиценца и Извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај, заедно со потребната документација во Архивата на Град Скопје (барака 14).
  2. Изготвување на Лиценцата и Изводот од лиценцата врз основ на доставената документација од Барателот;
  3. Подигнување на Лиценцата и Изводот од лиценцата од страна Барателот.
Потребни документи:
  1. Барање, пополнето и заверено од правно лице;
  2. Копија од решение за упис во централен регистар на РМ;
  3. Копија од документот од централен регистар на РМ за регистрирана приоритетна вредност-вршење на градски и приградски превоз на патници;
  4. Доказ за вработени возачи во зависност од бројот на моторните возила за општински линиски превоз на патници, кои ги исполнуваат условите предвидени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
  5. Доказ за успешно помината проверка за професионална компетентност на Управителот или овластените лица одговорни за превоз;
  6. Доказ дека против Барателот не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај;
  7. Доказ са остварена сопственост над капацитет за паркирање и одржување на возилата или доказ за користење на таков капацитет, со рок на важење од најмалку 4 (четири) години;
  8. Доказ за вграден, исправен и баждарен фискален апарат

НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.

Рокови за постапката:

15 дена

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Лиценца и Извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај патници


Постави прашање: