Лиценца за општински линиски превоз на патници

Сектор: Сектор за Сообраќај
Одделение: Одделение за издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот.
Одговорно лице: Горан Алексиќ
Телефон: +389 2 3217 011
email: Goran.Aleksik@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Барателот (правно или физичко лице) заинтересиран за добивање на Лиценца за вршење општински линиски превоз на патници, ја поднесува потребната документација во Архивата на Град Скопје (барака 16);
  2. Изготвување на Лиценцата врз основ на доставената документација од Барателот;
  3. Подигнување на Лиценцата од страна Барателот.
Потребни документи:
  1. Доказ за дејност, превоз во патниот сообраќај, регистрирана во Трговскиот регистар (Решение со прилози 1, 2, 3, 5, 6);
  2. Решение за избор на претежна дејност за превоз во патниот сообраќај;
  3. Доказ за остварена сопственост над едно или повеќе возила за превоз во патниот сообраќај, кои ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење одделни видови превоз;
  4. Доказ за вработени возачи во зависност од бројот на моторните возила за општински линиски превоз на патници, кои ги исполнуваат условите предвидени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
  5. Доказ за успешно помината проверка за професионална компетентност на Управителот или овластените лица одговорни за превоз;
  6. Доказ дека против Барателот не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај;
  7. Доказ са остварена сопственост над капацитет за паркирање и одржување на возилата или доказ за користење на таков капацитет, со рок на важење од најмалку 4 (четири) години;
  8. Доказ за вграден, исправен и баждарен фискален апарат.

НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.

Рокови за постапката:

30 дена

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Лиценца за општински линиски превоз на патници


Постави прашање: