РЕГУЛИРАЊЕ на надоместок за уредување на градежно земјиште (Комуналии)
Сектор: Сектор за планирање и уредување на просторот
Одделение: Одделение за уредување градежно земјиште и изградба на инфраструктурни и капитални објекти.
Одговорно лице: Данче Јовановска
Јоана Видњевиќ
Телефон: +389 2 3297 266; +389 2 3297 267; +389 2 3297 288
email: dancej@skopje.gov.mk
joanav@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
- Во Aрхива на Град Скопје (барака бр. 16) се поднесува Барање за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште заедно со целокупната потребна документација;
- По предавањето на документацијата се врши пресметка и изготвување на Пресметка за плаќање;
- После подигнувањето на Налогот корисникот го регулира плаќањето;
- По доставениот начин на плаќање се склучува договор и се издава потврда за извршено плаќање, како и заверка на техничката документација.
- За изградба на објекти на неизградена градежна парцела;
- Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
- Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
- Согласности од:
- Електро Дистрибуција - Скопје
- ЈП Водовод и Канализација - Скопје
- Топлификација АД -Скопје
- За изградба на објекти на изградена градежна парцела;
- Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
- Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
- Согласности од:
- Електро Дистрибуција - Скопје
- ЈП Водовод и Канализација - Скопје
- Топлификација АД -Скопје
- Доказ за платен надоместок за уредување на градежно земјиште за постоечки објектДоколку на градежната парцела постоечкиот објект е изграден пред 1968 година, да се приложи следната документација:
- во колку има само поседовен лист да се приложи записник од мерење на терен со скици, или
- договор за уредување на градежно земјиште, пресметки и потврда за наплатени средства, или
- проект со одобрение за градба (заверени од надлежните институции)
- Доколку на градежната парцела постоечкиот објект е доградуван, надградуван пред 1976 година, да се приложи следната документација:
- во колку има само поседовен лист да се приложи записник од мерење на терен со скици, или
- договор за уредување на градежно земјиште, пресметки и потврда за наплатени средства, или
- проект со одобрение за градба. (заверени од надлежните институции)
НАПОМЕНА: Во предвид се земаат нето површини од постоечкиот објект кои се во рамките на маркицата предвидена со ДУП, пресметани по правилникот за степен на уреденост на градежно земјиште кој е во сила.
- За пренамена на површини.
- Заверен основен проект од надлежна Општина (со пропратно писмо и решение за локациски услови - услови за градба)
- Документ за сопственост (имотен лист, поседовен лист, купопродажен договор со солемнизација)
НАПОМЕНА: Согласно програмата за уредување на градежно земјиште, не се наплатува пренамена на деловен во станбен простор.
- Налог - 15 дена по поднесување на барањето,
- Договор, потврда, фактура и заверен проект - 5 дена по завршено плаќање.
Со регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште се добиваат следните документи:
- Налог за регулирање на надоместок за уредување на градежно земјиште;
- Договор за регулирање на надоместок за уредување на градежно земјиште;
- Потврда за платен надоместок за уредување на градежно земјиште;
- Заверен проект.