ОДОБРЕНИЕ за поставување на натписи и рекламни табли

Постапка за добивање на ОДОБРЕНИЕ за поставување на натписи и рекламни табли

Сектор: Сектор за Планирање и уредување на просторот
Одделение: Одделение за Просторно и урбанистичко планирање.
Одговорно лице: Николе Дичоски
Телефон: +389 2 3297 209      
email: Nikola.Dicoski@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

 

Опис и тек на постапката во чекори:

А. Во Архива на Град Скопје (барака 16) се поднесува Барање (готов образец) за издавање на ОДОБРЕНИЕ за поставување на натписи и рекламни табли.

Со барањето заинтересираниот субјект доставува соодветен елаборат изработен согласно пропишаните стандарди и потребната документација наведена во барањето. Елаборатот се доставува во 4 (четири) заверени примероци изработени од овластено лице.

Б. По предавањето на комплетната документација, доколку барањето и елаборатот се во согласност со стандардите за користење на јавни површини, се прави пресметка за висината на комуналната такса согласно законот и пресметка за уврдување на надоместок за поставување на натписи и рекламни табли

В. По добивањето на пресметките, корисникот го регулира плаќањето на уплатна сметка на Град Скопје

Г. По регулирањето на плаќањето  Градоначалникот на Град Скопје издава Одобрение за поставување на натписи и рекламни табли

Одобрението содржи:

- назив и седиште, односно име и презиме и адреса на корисникот на јавната површина;

- Времетраење на Одобрението за поставување на натписи и рекламни табли

Потребни документи:

Елаборат (во четири примероци) со следната содржина:

  1. Назив, седиште на фирмата, име и преземе на сопственикот / раководителот;
  2. Детален цртеж со опис на постојната состојба на бараната површина со околниот простор (во размер 1:1000, 1: 500);
  3. Детален цртеж со опис на новата состојба на бараната површина со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура (во размер 1:200, 1: 100);
  4. Детален цртеж со опис и детали на урбана опрема што ќе се лоцира на бараната површина (во размер 1:50, 1: 20, 1:10);

Постави прашање: