ОДОБРЕНИЕ за вршење дејност надвор од деловен простор

Постапка за добивање на ОДОБРЕНИЕ за вршење дејност надвор од деловен простор и одобрение за поставување на урбана опрема

Сектор: Сектор за Планирање и уредување на просторот
Одделение: Одделение за Просторно и урбанистичко планирање.
Одговорно лице:
Телефон: +389 2 3297 209
email: /
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:

А. Во Архива на Град Скопје (барака 14) се поднесува Барање (готов образец) за издавање на Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и  Одобрение за поставување на урбана опрема, до Градоначалникот на Град Скопје.

Со барањето заинтересираниот субјект доставува соодветен елаборат изработен согласно пропишаните стандарди и потребната документација наведена во барањето. Елаборатот се доставува во 4 (четири) заверени примероци изработени од овластено лице.

Б. По предавањето на комплетната документација, доколку барањето и елаборатот се во согласност со стандардите за користење на јавни површини, се прави пресметка за висината на комуналната такса согласно законот.

В. По добивањето на пресметката, корисникот го регулира плаќањето на комуналната такса и тоа: во висина од 50% на уплатна сметка на Град Скопје и 50% на уплатна сметка на соодветната општина.

Г. По регулирањето на плаќањето на комуналната такса Градоначалникот на Град Скопје издава Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема.

Одобрението содржи:

-       назив и седиште, односно име и презиме и адреса на корисникот на јавната површина;

-       површина на локацијата што се користи.

-       Времетраење на Одобрението за вршење на дејност надвор од деловен простор.

Потребни документи:
Елаборат (во четири примероци) со следната содржина:
  1. Назив, седиште на фирмата, име и преземе и адреса на живеење на сопственикот / раководителот;
  2. Извод од соодветен регистар за регистрација на фирма  / трговец -поединец;
  3. Доказ за исполнување на минимално-технички услови за вршење на дејност;- Елаборат за уредување на градилиште (ако се работи за градилиште);
  4. Детален цртеж со опис на постојната состојба на бараната површина со околниот простор (во размер 1:1000, 1: 500);
  5. Детален цртеж со опис на новата состојба на бараната површина со околните објекти и елементи на комунална опрема и инфраструктура (во размер 1:200, 1: 100);
  6. Детален цртеж со опис и детали на урбана опрема што ќе се лоцира на бараната површина (во размер 1:50, 1: 20, 1:10);

Во деталните цртежи од точките 4, 5 и 6 да се прикажат со опис предвидените мерки за заштита од пожар и експлозија дефинирани со технички прописи и правила.


Постави прашање: