Пристап на возила до заштитени предели на природата (Водно, Матка...)
СОГЛАСНОСТ за влегување на возила во парк шума Водно
Сектор: Сектор за комунални работи
Одделение: Одделение за комунални работи од областа на одржување и користење на паркови и зеленило
Одговорно лице: Благица Костова
Телефон: +389 2 3297 389
email: Blagica.Kostova@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
- Поднесување на барање во архива, со опис на локацијата која ќе се користи, како и потребата за која се однесува
- Според условите за кои се бара согласноста, дополнителни информации може да добиете во Секторот за комунални работи
Потребни документи:
- Регистрација на фирма од Централен регистар;
- Копија од сообраќајна дозвола на возилото;
- Уплатница од 250 денари
Рокови за постапката:
7 дена
Документ/акт што граѓанинот го добива:
Согласност за движење