Услови на режим на сообраќај

ОДОБРЕНИЕ за утврдување на условите за контролиран режим на сообраќај со евидентирање на движењето на возилата кои сообраќаат во зони забранети за сообраќај со систем на електронски картички

Одделение: Одделение за техничко регулирање на сообраќајот.

Одговорно лице: М-р Јане Илијоски, помошник Раководител на Сектор

Телефон: +389 2 3297 310

email: Jane.Ilioski@skopje.gov.mk

Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Барателот заинтересиран за добивање на Одобрение за дотур на роба, ја поднесува потребната документација во Архива на Град Скопје (барака 16);
  2. Изготвување на Одобрението врз основ на доставената документација од Барателот;
  3. Подигнување на Одобрението од страна Барателот.
Потребни документи:
  1. Барање во кое Барателот треба да ја наведе локацијата на пешачката зона забранета за сообраќај, за која се бара Одобрение за вршење на дотур на роба;
  2. Фото-копија од сообраќајната/ите дозвола/и на возилата со кои Барателот врши дотур на роба;
  3. Договор меѓу Барателот кој врши дотур на роба и субјектот кој е примач на робата.

НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.

Рокови за постапката:

30 дена

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Одобрение за утврдување на условите за контролиран режим на сообраќај со евидентирање на движењето на возилата кои сообраќаат во зони забранети за сообраќај со систем на електронски картички


Постави прашање: