Правилник за формата и содржината на барањето

заради неиздадена дозвола односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола

Врз основа на член 41 став (26) од Законот за јавните патишта („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11 и 53/11), министерот за транспорт и врски, донесе

 

П Р А В И Л Н И К

ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАДЕНА ДОЗВОЛА ОДНОСНО НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА

ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА

 

Член 1

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето заради неиздадена дозвола недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола во рокот утврден согласно член 41 став (4) од Законот за јавните патишта.

Член 2

Барањето од член 1 од овој Правилник се поднесува на образец „Барање заради неиздадена дозвола односно недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола“ во формат А-4 во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник.

Образецот содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, место за број и датум, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице - подносител на барањето, седиште на правното лице односно адреса на физичкото лице - подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето и место за потпис на подносителот на барањето.

Кон барањето од став 1 на овој член се поднесува копие од барањето за издавање дозвола.

Член 4

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

 

Бр. 01-7283/1                                                                                     Министер,

25 мај 2011 година                                                                                Миле Јанакиевски,с.р.


Постави прашање: