Правилник за формата и содржината на известувањето

за недостасување на решение по поднесена жалба

Врз основа на член 72 став (23) од Законот за јавните патишта („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11 и 53/11), министерот за транспорт и врски, донесе

 

П Р А В И Л Н И К

ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА НЕДОНЕСУВАЊЕ

      НА РЕШЕНИЕ ПО ПОДНЕСЕНА ЖАЛБА

 

Член 1

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на известувањето за недонесување на решение по поднесена жалба во рокот утврден согласно член 72 став (21) од Законот за јавните патишта.

Член 2

Известувањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец „Известување за недонесување на решение по поднесена жалба“ кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник.

Образецот е со формат А 4 во бела боја кој содржи: назив на органот до кој се поднесува известувањето,

место за број и датум, во средишниот дел назив на известувањето, назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице - подносител на известувањето, седиште на правното лице односно адреса на физичкото лице - подносител на известувањето, краток опис поради што се поднесува известувањето и место за потпис на подносителот на известувањето.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

 

   Бр.01-7286/1                                                                                          Министер,

25 мај 2011 година                                                                               Миле Јанакиевски

      Скопје                                                                                                                       


Постави прашање: