Категоризација на угостителски објекти

РЕШЕНИЕ за категоризација на угостителски објекти

Сектор: Сектор за локален економски развој
Одделение: Одделение за поддршка и развој на  занаетчиство и трговија.
Одговорно лице: Филип Ѓокески
Телефон: +389 2 3297 218
email: FilipGjokeski@skopje.gov.mk
Работно време:
 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Подигнување и поднесување на барање за категоризација на угостителски објекти на шалтер во архивата на Град Скопје или во Секторот за локален економски развој, Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија, во барака бр.6, канцеларија бр.1. Барањето за категоризација на угостителски објекти се наоѓа и на официјалниот портал на Град Скопје (Услуги/Решенија). Поднесувањето на барањето за категоризација е проследено со уплата на административна такса согласно законот за административни такси (тарифен број 1 и тарифен број 2).
  2. На самото барање треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон.
  3. Одговорно лице кое го изготвува решението за категоризација е Филип Ѓокески  во Секторот за локален економски развој.
  4. Поднесувањето на барањето за категоризација е проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари, административна такса за категоризација по тарифен број 2 и 50,00 денари, административна такса за категоризација по тарифен број 1, со уплата на посебни сметки, на сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 185 03182 и приходна шифра и програма 722315 00.
  5. Решението за категоризација се подигнува во барака бр.6, канцеларија бр.1 во Секторот за локален економски развој, Одделението за поддршка и развој на занаетчиство и трговија, проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 3000,00 денари за трошоци за постапка, на сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 185 03182 и приходна шифра и програма 722315 00.
  6. За извршената категоризација комисијата донесува решенија во рок од 15 дена од поднесувањетона барањето.
  7. Против ова решение може да се изјави жалба преку Градоначалникот на Град Скопје (Комисија за категоризација на угостителски објекти) до Министерството за економија во рок од 15 дена од денот на приемот.
Потребни документи:
  1. Барање за издавање на Решение за категоризација на угостителски објекти;
  • Доказ за сопственост - имотен лист не постар од шест (6) месеци
  • Копија од решение за упис во Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност издадено од општина
  • Пријава до Државен пазарен инспекторат за исполнети минимално-технички услови
  • Договор склучен со туристичка агенција (на не помалку од 3 години)
  • Копија од лична карта
  • Изјава за давање угостителски услуги за сместување, од сопственици доколу објектот има повеќе од еден сопственик(заверено на нотар)
  • Административна такса по тарифен број 1, во висина од 50 ден. уплатена на образец ПП 50 за поднесено барање за категоризација на угостителски објект
  • Административна такса по тарифен број 2, во висина од 250 ден. уплатена на образец ПП 50 за издадено решение закатегоризација на угостителски објект
  • Доказ за платени трошоци во постапката во висина од 3000 ден. Уплатени на образец ПП 50за покривање на трошоци за водење на постапката

 


Постави прашање: