Категоризација на угостителски објекти

РЕШЕНИЕ за категоризација на угостителски објекти

Сектор: Сектор за локален економски развој
Одделение: Одделение за занаетчиство, угостителство и трговија.
Одговорно лице: Билјана Стојмановска
Телефон: +389 2 3297 284
email: biljana.stojmanovska@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Подигнување и поднесување на барање за категоризација на угостителски објекти на шалтер во архивата на Град Скопје или во Секторот за локален економски развој, Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија, во барака бр.6, канцеларија бр.1. Барањето за категоризација на угостителски објекти се наоѓа и на официјалниот портал на Град Скопје (Е-сервиси Формулари). Поднесувањето на барањето за категоризација е проследено со уплата на административна такса согласно законот за административни такси (тарифен број 1 и тарифен број 2).
  2. На самото барање треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон.
  3. Одговорно лице кое го изготвува решението за категоризација е Билјана Стојмановска во Секторот за локален економски развој.
  4. Поднесувањето на барањето за категоризација е проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари, административна такса за категоризација по тарифен број 2 и 50,00 денари, административна такса за категоризација по тарифен број 1, со уплата на посебни сметки, на сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 185 03182 и приходна шифра и програма 722315 00.
  5. Решението за категоризација се подигнува во барака бр.6, канцеларија бр.1 во Секторот за локален економски развој, Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија, проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 1500,00 денари за трошоци за постапка, на сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 185 03182 и приходна шифра и програма 722315 00.
  6. За извршената категоризација комисијата донесува решенија во рок од 15 дена од поднесувањетона барањето.
  7. Против ова решение може да се изјави жалба преку Градоначалникот на Град Скопје (Комисија за категоризација на угостителски објекти) до Министерството за економија во рок од 15 дена од денот на приемот.
Потребни документи:
  1.    Барање за издавање на Решение за категоризација на угостителски објекти;
  2.    Доказ за сопственост на угостителскиот објект;
  3.    Сите потребни решенија за дозвола за работа.

Постави прашање: