Поврат и пренасочување на погрешно уплатени даноци и такси

РЕШЕНИЕ за поврат и пренасочување на погрешно уплатени даноци и такси

Сектор: Сектор за финансии
Оделение: Одделение за материјално и финансиско сметководство.
Одговорно лице: Сунчица Василевска
Телефон: +389 2 3297 353
email: Suncica.Vasilevska@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Се поднесува барање до Архивата на Град Скопје (барака бр. 16) со потребната документација за поврат или пренасочување на погрешно уплатени даноци и такси. Барањето може да биде напишано рачно или пак може да се земе образец-барање од одговорното лице. Поднесувањето на барањето за поврат на средства на име уплатен данок е проследено со уплата на административна такса според Законот за административни такси во износ од 250,00 ден. приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50. Барањето за пренасочување на уплатени средства не е проследено со уплата на административна такса;
  2. Доколку барањето е прифатено, секој четврток од неделата се упатуваат до Секторот за трезор, од каде што се врши поврат или пренасочување;
  3. Доколку барањето е одбиено странката се известува по писмен пат.  
Потребни документи:
  1. Барање за поврат на средства на име уплатен данок / Барање за пренасочување на уплатени средства;
  2. Фотокопија од уплатница (оригинал);
  3. Решение или предмет;
  4. Фотокопија од лична карта;
  5. Фотокопија од тековна/штедна книшка (за барање за поврат на средства на име уплатен данок);
  6. ПП 50 на име- Административна такса за списи и дејствија на уплатна сметка 840-185-03182, приходна шифра 722315 програма 00.
Рокови за постапката:

7 дена или во зависност од правната сложеност на предметот

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за поврат на средства на име уплатен данок
Решение за пренасочување на уплатени средства


Постави прашање: