Употреба на зборот “Скопје” при регистрација на фирма

РЕШЕНИЕ за употреба на зборот “Скопје” при регистрација на фирма

Сектор: Сектор за локален економски развој
Одделение: Одделение за занаетчиство, угостителство и трговија.
Одговорно лице: Билјана Стојмановска
Телефон: +389 2 3297 284
email: biljana.stojmanovska@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Подигнување и поднесување на барање за употреба на зборот Скопје во називот на фирмата на шалтер во архивата на Град Скопје или во Секторот за локален економски развој, Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија, во барака бр.6. Барањето за употреба на зборот Скопје во називот на фирмата се наоѓа и на официјалниот портал на Град Скопје (Е-сервиси Формулари). Поднесувањето на барањето е проследено со уплата на административна такса согласно законот за административни такси.
  2. На самото барање треба да се наведе име и адреса на подносителот, единствен матичен број и контакт телефон.
  3. Одговорно лице кое го изготвува решението за употреба на зборот Скопје во називот на фирмата е Билјана Стојмановска во Секторот за локален економски развој.
  4. Поднесувањето на барањето за употреба на зборот Скопје во називот на фирмата е проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 50,00 денари административна такса со уплата на сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 185 03182 и приходна шифра и програма 722315 00.
  5. Решението за употреба на зборот Скопје во називот на фирмата се подигнува во барака бр.6, во Секторот за локален економски развој, Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија, проследено со приложување на оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари за Решение за употреба на зборот Скопје во називот на фирмата, на сметка 100000000063095, уплатна сметка 840 185 03182 и приходна шифра и програма 722315 00.
Потребни документи:
  1. Статут или;
  2. Решение од Централен регистар на Република Македонија;
  3. Административна такса од 50 денари уплатена на образец ПП 50 за поднесено барање и административна такса од 250 денари за издадено решение за употреба на зборот „Скопје“ во називот на фирмата (организацијата, здружението, агенцијата).
Рокови за постапката:

До 7 дена (веднаш)

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за употреба на името “Скопје” при регистрација на фирма


Постави прашање: