РЕШЕНИЕ за утврдување

на времена измена на условите и режимот на сообраќајот
Опис и тек на постапката во чекори:
  1. За утвдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот, Секторот за сообраќај издава Решение во согласност со Министерот за внатрешни работи.
  2. Ова Решение се издава кога се утврдува времена измена на условите и режимот на сообраќајот со ограничено време на важност, a се во границите на подрачјето на Градот Скопје, утврдено со Законот за Градот Скопје (“Сл. весник на РМ“бр. 55/2004).
  3. Времената измена на условите и режимот на сообраќај се утврдува заради вршење на одредени градежни и други работи, а при тоа не можат да се запазат постојните утврдени услови и режим на сообраќајот, особено како што се:
  • реконструкција, санација, отстранување на дефекти и слично, на постојната улична мрежа и инфра структура;
  • прекопување на коловози и тротоари заради приклучок на постојната инфраструктура или изведување на нова;
  • изведување на подготвителни работи, изградба на нова градба, реконструкција и адаптација на постојна градба што опфаќа: земјени работи, изведување на градежна конструкција, градежно-инсталатерски работи, вградување постројки или опрема и други работи;
  • поставување на заштитна и друга опрема по сообраќајниците во Градот Скопје (заштитни, одбојни, и преградни огради, столбчиња, жардињери и друго).
  1. За обезбедување на ова Решение, барателот како правно или физичко лице, доставува Барање преку Архивата на Градот Скопје (барака 16) со административни таксени марки во вредност од 200,00 денари.
  2. Со барањето, барателот доставува Основен сообраќаен проект за утврдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот, изработен на соодветно ниво и намена, согласно техничките прописи за проектирање, нормативите и стандардите во областа на сообраќајот.

НАПОМЕНА: Во колку Основниот сообраќаен проект за утврдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот, се однесува за изведување на градежни работи, тогаш Барањето заедно со Основниот сообраќаен проект како и Решението за локациски услови, треба да бидат доставени преку Општината која е надлежна за издавање на Одобрението за градење за тие градежни работи.

  1. По разгледување на целокупната доставена сообраќајно-техничка и друга документација, Секторот за сообраќај, преку својата архива, со допис ја доставува до МВР - СВР, Одделение за БПС, согласно законските прописи за нивно произнесување, односно за прибавување на Согласност.
  2. Веднаш по добивање на Согласноста, овој Сектор изготвува Решение и заедно со целокупната горе наведена документација ја доставува за потпис и печат.
  3. На крајот, постапката завршува со допис се доставува заверената документација, а тоа е Решение и Проекти на адреса на барателот, за понатамошна реализација.
Потребни документи:
  1. Барање со административни таксени марки во вредност од 200,00 денари,
  2. Основен сообраќаен проект за утврдување на условите и режимот на сообраќајот, во      еднообразни копии со неограничен број, од кои по една копија се задржуваат во Секторот за сообраќај и во МВР-СВР одделение за БПС, другите се враќаат

НАПОМЕНА: Ако за реализација на Решението потребни се и градежни зафати, тогаш следи:

  1. Барање од надлежен орган, кој ќе го издаде Одобрението за градење;
  2. Основен сообраќаен проект за утврдување на условите и режимот на сообраќајот, во      еднообразни копии со неограничен број, од кои по една копија се задржуваат во Секторот за сообраќај и во МВР-СВР одделение за БПС, другите се враќаат;
  3. Решение за локациски услови.
  4. Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон
Рокови за постапката:

Од 4 до 6 работни дена

НАПОМЕНА: Во дефинираниот број на денови не влегуваат и деновите потребни за прибавување на СОГЛАСНОСТ од МВР-СВР.

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утвдување на времена измена на условите и режимот на сообраќајот, согласно член 368-б од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Сл. весник на РМ“ бр.14/98, 38/2002, 38/2004 и 109/2005).


Постави прашање: