Имотна состојба

Уверение за имотна состојба

Сектор: Сектор за финансиски прашања
Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на имот.
Одговорно лице: Анита Наков
Телефон: +389 2 3207 546
email: anitan@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Се поднесува барање за издавање уверение за имотна состојба проследено со изјава заверена на нотар. Поднесувањето на барањето за имотна сотојба е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси (тарифен број 1)приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 50,00 денари;
  2. Потребните формулари се подигаат на шалтер 3, 4 и 5 на Град Скопје;
  3. Врз основа на расположливите податоци Град Скопје издава Уверение за имотна состојба.
Потребни документи:
  1. Барање за издавање на Уверение за имотна состојба проследена со изјава заверена од нотар
Рокови за постапката:

Во рок од 7 дена (веднаш)

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Уверение за имотна состојба


Постави прашање: