Точна адреса

Уверение за точна адреса

Сектор – Сектор за Комунални работи

Одделение – Одделение за категоризација, нумерирање и именување инфраструктурни објекти

Одговорно лице –

Тел. +389 2 3297 337, +389 2 3207 549, +389 2 3297 329, +389 2 3297  330

еmail –

Работно време – 08.30-16.30

Опис и тек на постапката во чекори:

1.Барателот ( физичко или правно лице ) поднесува барање во архива на Град Скопје (барака16)

2.Завереното барање со пропратните документи и уплата од 50 ден административна такса ( се плаќа на лице место со платежна картичка) се проследува во одделението

3.Доколку недостасува документ или информација, барателот се известува на телефонот кој го оставил за контакт

4.Изготвеното Уверение се носи во архива а барателот се известува со СМС порака

Потребни документи:

- За физички лица

1.Копија од имотен лист за објектот или копија од купопродажен договор за истиот

2.За објекти во постапка за легализација копија од имотен лист за земјиштето и копија од елаборатот за легализација

3.За нови објекти копија од одобрение за градба и копија извод од план

 

- За правни лица

Наведените документи како за физички лица и  копија од тековна состојба на фирмата

Рокови за постапката:

2-5 дена

 

Документ/акт што граѓанинот го добива:

УВЕРЕНИЕ за точна адреса


Постави прашање: