Факти и симболи на Град Скопје

Град Скопје е главен град на Република Северна Македонија.

Град Скопје е главен и најголем град во Македонија, кој воедно претставува административно-политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во северниот дел на државата, а во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.

Симболи

Грбот на Градот Скопје има форма на штит, на кој горната страна е полулак свртен внатре, левиот и десниот горен агол на штитот го прават две коси линии, додека долните страни се надворешно заоблени лакови што завршуваат со врв по средината на долната оска. 
Во просторот на штитот се содржани: Камениот мост со реката Вардар, тврдината Кале и снежните врвови на Шар Планина.

Знамето на Градот Скопје е црвено, а во неговата лева горна четвртина, до копјето, се наоѓа грбот на Градот втиснат со жолта боја.

Факти за Град Скопје

ПЛАНИНИ

  • Водно со врвот Крстовар (1.066м)
  • Масивот Јакупица-Караџица со врвот Солунска Глава-Мокро (2.450м) и Убава (2.533м) 
  • Осој 1.506м
  • Жеден 1.260м
  • Скопска Црна Гора со врвот Рамно (1.561м)

РЕКИ

  • Вардар (извор от Вруток до вливот во Егејско Море - 410,5км)
  • Треска (130км)
  • Лепенец (65км)
  • Пчиња (136,4км)
  • Кадина Река (33,3км)
  • Маркова Река (29км)
  • Патешкака Река (понорница)

ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА

  • Матка и Треска

КЛИСУРИ

  • Матка, Качаничка, Таорска, Жеденска, Дервенска и Бадарска

ПЕШТЕРИ

  • во кањонот на р. Треска
  • неколку кај Н. Брезница
  • под Солунска Глава

ГЛЕЧЕРСКИ ЕЗЕРА

  • Салаковски Езерца на планината Јакупица

ГЕОГРАФСКА ШИРИНА

  • 42о00' - северна географска ширина

ГЕОГРАФСКА ДОЛЖИНА

  • 21о26' - источна географска должина

НАДМОРСКА ВИСОЧИНА

  • Скопје е распространет на 1818 км2, 23 км во должина и 9км во широчина и се наоѓа на надморска височина од 245 метри

ПРОСЕЧНА ГОДИШНА ТЕМПЕРАТУРА

  • 13,5о56oF

ПРОСЕЧНО ДЕНОВИ СО МАГЛА

  • 74,1 дена

ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

  • просечно годишно 940мм/11 дена

БРОЈ НА ЖИТЕЛИ (Попис 2002 година)

  • Скопје - 506 926
  • Аеродром - 72 009
  • Бутел - 36 154
  • Гази Баба - 72 617
  • Ѓорче Петров - 41 634
  • Карпош - 59 666
  • Кисела Вода - 57 236
  • Сарај - 35 408
  • Центар - 45 412
  • Чаир - 64 773
  • Шуто Оризари - 22 017

ФАКТИ ЗА ГРАД СКОПЈЕ

StoryMap