05 март 2012
Филип Вујановиќ
05 март 2012

Филип Вујановиќ е роден на 01.09.1954 година во Белград. Тој е оженет и има три деца. Завршил правен факултет во Белград 1978 година и има положено правосуден испит. Пред да биде назначен за претседател на Црна Гора извршувал неколку државни функции: од месец март 1978 година, до јануари 1980 година, работел како приправник и стручен соработник во Општинското јавно обвинителство во Белград и во белградското Окружно јавно обвинителство. Од ноември 1980 година до јануари 1981 година работел во Окружниот суд во Титоград и ја извршувал функцијата секретар на Судот.

Од месец јануари 1982 година до месец март 1993-та бил адвокат, а од март месец истата година, па се до мај 1995 година бил министер за правда во Владата на Република Црна Гора. Од месец мај 1995 до месец февруари 1998 година бил министер за внатрешни работи во Владата на Република Црна Гора. Од 05.02.1998 до 05.11.2002 година ја извршувал функцијата претседател на Владата на Р.Црна Гора. Од ноември 2002 до 11 мај 2003 година бил претседател на Собранието на Р. Црна Гора, кога бил избран за претседател на Република Црна Гора. На првите претседателски избори во независна Црна Гора на 6 април 2008 година беше избран за претседател на Република Црна Гора.

Претседателот Вујановиќ е голем пријател и почитувач на Република Македонија и на градот Скопје, современ политичар, голем државник, хуманист и промотор во градењето на соработката на Република Црна Гора и Република Македонија. Голем е неговиот придонес во креирањето на културно-историските врски и долгогодишната плодна културна и стопанска соработка на црногорската и македонската држава. Прогласувањето на Претседателот Вујановиќ за почесен граѓанин на Град Скопје претставува почит не само спрема црногорскиот претседател  туку и признание за мирољубивите стремежи на Црногорската држава во градењето на меѓуетничкиот соживот во Република Црна Гора во којашто се почитуваат и нејзините граѓани Македонци. Убеден сум дека оваа тутула на почесен граѓанин ќе придонесе за уште поинтензивни активности во правец на јакнење на соработката на нашите две земји и секако продлабочување на релациите на нашите два збратимени града, Подгорица и Скопје, истакна градоначалникот на Град Скопје, Трајановски.