14 јули 2012
Ричард Њухајзел
14 јули 2012

Richard Neuheisel роден во Wisconsin, израснал во Cashton, Wisconsin, град од само 700 жители. Добар спортист, постигнал државен рекорд во кошарка како матурант. Се запишал на Универзитетот Wisconsin во Madison, Wisconsin, каде што се стекнува со диплома на наука-финансиски студии, а потоа на Правен факултет каде дипломира во 1961 година. Ја исполнува својата должност во Американската армија за две години, а потоа се сели во Аризона, каде што предава Бизнис право на Државниот универзитет во Аризона 15 години пред да замине во приватна правна пракса. Во текот на тие години е избран за член на Градскиот Совет на Темпи. Како градски советник научил за интернационалните збратимените градови, програмата за збратимени градови започнува од страна на претседателот Dwight Eisenhower. Организацијата е формирана во 1970 година, а збратимувањето со Скопје е во 1971 година. Тоа е прв пат американски град да соработува со град од Источна Европа, што е доста „историски“. „Студената војна“ беше во својот зенит и имаше голема недоверба меѓу Истокот и Западот. Ова партнерство помогна во зголемување на пријателството и разбирањето меѓу Истокот и Западот, денес постојат околу 150 збратимени градови, поврзување помеѓу американски градови и градови од зад т.н. „железната завеса“.

Темпи продолжува понатаму со цел да донесе уште седум збратимени градови од секаде во светот (број девет е во очекување) и повеќе пати е награден за град со најдобра во Америка. Спонзорирани се околу 745 студентски размени заедно со збратимените градови на Темпи во текот на годините. 151 ученици од Скопје имаат учествувано во студентска програма за размена со Темпи. Во исто време г-дин. Neuheisel беше претседател на Меѓународни збратимени градови, национална организација, околу 16 години. Во ова време, бројот на  односи меѓу збратимените градови од САД и оние во светот двојно се зголемил. Тој има посетено околу 120 земји. Програма за збратимени градови на Темпи, под негово раководство, исто така ја доведе нацијата во филантропска работа, инвалидски колички за три збратимени градови и многу проекти во Тимбакту, Мали, вклучувајќи го и финансирањето на седум бунари, училиште и медицински материјали, машини за шиење, а минатата година и завршувањето на основно училиште. Во моментов има граѓанска војна во Мали и Тимбакту е нападнат. Многу пријатели на Тимбакту избегале во Бамако, TSC испраќа финансиска помош за да ја пребродат кризата. Идеја на Г-дин Neuheisel е организирање на годишна Октоберфест прослава во Темпи, со цел собирање на средства за програмата за збратимени градови. Октоберфест започна во 1973 година и ќе ја прослави својата 40-годишнина оваа година. Присуството од 200 луѓе на првиот Октоберфест се зголеми до 200.000 минатата година. Раководен е целосно од страна на волонтери. Г-дин Neuheisel е член на многу организации, вклучувајќи ги Kiwanis International, а неодамна беше примен во Arizona Veterans Hall of Fame. Тој е оженет за поранешната Јане Џексон (повеќе од 50 години), има четири деца: Рик, Ненси, Кејт и Дебора и девет внуци.