ACHELOUS
Серијата поплави во текот на 2010 и 2012 година ја наметнаа потребата за усвојување заеднички процедури за подобрување на ефикасноста при управувањето со вонредни состојби од хидрогеолошка и од хидраулична природа со помош на подобра организација на локално ниво.
Покрај Градот Скопје, уште шест општини од шестземји од Централна и југоисточна Европа (Хрватска, Италија, Унгарија, Грција, Бугарија и Романија) го развија проектот со цел да поттикне ефективна реакција и управување во случај на поплава.
Во рамките на проектот се идентификуваат шест локални групи за управување со ризици (ЛГУР, анг.LRD), а предвидени се развој и тестирање на систем за следење преку спроведување на теренски вежби за цивилна заштита и одржување завршна вежба за процедурите за валидација.
Во имплементацијата на проектните активности учествуваат два универзитети и експерти од Европската програма за обука од областа на цивилната заштита, со цел да се утврдат најдобрите постапки во согласност со политиките и со насоките на ЕУ.
Во текот на двегодишното траење на проектот (1.1.2014-31.12.2015 година), тој има за цел да ја зголеми интеграцијата и соработката помеѓу територијалните субјекти вклучени во активностите за цивилната заштита и да ги едуцира граѓаните правилно да се однесуваат и рационално да ги користат расположливите информации за време на итни ситуации и вонредни состојби.
- Да се идентификуваат и да се тестираат најдобрите практики за управување со итни ситуации предизвикани од поплави.
- Да се подобри ефикасноста за управување со вонредни состојби од хидрогеолошка и хидраулична природа.
- Да се подобрат вештините на локалните експерти за цивилна заштита.
- Да се вклучат располжливите сили во операциите за справување со непогоди (граѓани, волонтери, опрема ...).
- Да се создадат посилни врски помеѓу партнерите и Европскиот механизам за цивилна заштита.