CASCADE
Проектот CASCADE (2011-2014), “Размена на искуства и добри практики помеѓу градовите за енергетска ефикасност“е финансиран од Европската програма ЦИП – Европска програма за интелегентна енергија и се однесува на остварување на Европските стратешки цели поврзани со енергетска ефикасност на јавни објекти, енергетско ефикасен транспорт и обновливи извори на енергија.
Проектот е координиран од мрежата на градови EUROCITIES , и вклучува 19 поголеми градови во улога на партнери и тематски експерти, со буџет од 2 милиона евра.
Проектот има за цел:
- Подобрување и забрзување на имплементација кај Акционите планови на одржлива енергија (SEAPs);
- Ообезбедување значајно и одржливо учење и споделување на добри практики помеѓу градовите и
- Промовирање на позицијата на градовите како клучни актери за трансфер на знаење во рамките на нивната земја.
Преку широко вмрежување, заедничко учење и активности за размена на најдобри практики, проектот ќе поттикне низа подобрувања во спроведувањето на политиките за одржлива енергија во големите и средни градови во Европа.
Градот Скопје се приклучи во проектот CASCADE како град-партнер во програмата за размена на активности (студиски патувања, посети за менторирање и надгледување) со цел подобрување на реализацијата на локалните енергетски политики.
Конкретно, во период од 11-13.06.2013 беше реализирана студиска посета на градот Малме, Шведска, со цел размена на искуства во планирање и реализација на мерки поврзани со енергетска ефикасност во згради и политиките за финансирање на реализација на тие мерки.